Во пресрет на средбата Меркел-Трамп: Taa e претпазлива, тој е импулсивен, мораат да се усогласат

Макфакс

14/03/2017

12:09

556

Големина на фонт

а а а

Таа е воздржана и попретпазлива, физичар по професија, родена во поранешната ГДР. Внимателно ги разгледува одлуките пред да ги донесе и никогаш не сака да ужива огромно внимание, иако во моментов е најмоќниот лидер во Европа. Тој е богат градежен магнат од Њујорк, импулсивен е и сака да е во центарот на вниманието, се посочува во анализата на БТА.

Тешко е да се замисли дека двајца, различни лидери по карактер и принцип на работа, канцеларот на Германија Ангела Меркел и Доналд Трамп, новиот претседател на САД, можат да се усогласат.

Сепак денес тие мораат да разговараат очи во очи, но поради силна снежна бура која владее на источното крајбрежје на САД посетата е одложена за 17 март.

Тоа е средба со голем залог, која ќе биде следена од владите ширум светот и кои бараат знаци за иднината на трансатлантската унија. Партнерството игра важна улога за изгледот на повоениот поредок, но Трамп се заканува дека тоа ќе го прекине.

“Дали тие ќе станат добри пријатели? Најверојатно не. Тие се многу различни како личности”, вели Чарлс Купчан, кој беше член на Советот за национална безбедност на Белата куќа кај претходникот на Трамп, Барак Обама.

“Но, мислам дека и двајцата имаат интерес, како од политичка, така и од стратешка гледна точка, така што мора да се научат да работат заедно. Може да се каже дека тоа ќе е најважната средба со која Трамп ќе ја има со некој странски лидер„.

Германски службеници изјавија дека 62-годишната Меркел, која сака да ги испитува деталите до крај, сериозно се подготвува за посетата во Вашингтон. Таа ги гледала говорите на Трамп и неговите интервјуа, вклучувајќи го поширокото интервју за списанието “Плејбој” од 1990 година, во кое тој изложува многу од спорните идеи, кои во моментов се обидува да ги примени како претседател.

Луѓе од опкружувањето на канцеларката ги анализираат средбите на Трамп со други лидери – меѓу кои со премиерите на Велика Британија, Јапонија и Канада – Тереза ​​Меј, Шинзо Абе и Џастин Трудо – и побарале мислење од колегите за најдобар пристап кон поранешната ѕвезда од телевизиското реално шоу, додаваат изворите.

“Треба да сме подготвени за фактот дека тој не сака да слуша премногу долго и дека претпочита јасни позиции односно не сака да се навраќа на еден дел во деталите”, рече висок германски функционер.

Во економската и надворешната политика разликите меѓу двајцата лидери се огромни. Трамп ја оцени одлуката на Меркел за влез на стотици илјади бегалци во Германија како “катастрофална грешка”.

Тој се закани дека ќе им наложи дополнителни даноци на германските автомобилски производители кои пласираат автомобили на американскиот пазар. Покрај тоа , тој го критикуваше Берлин дека не троши повеќе за одбрана, отколку што дава САД.

Друг момент на напнатост е трговскиот суфицит на Германија со САД, во вредност од 50 милијарди евра. Советникот на Трамп Питер Наваро ја обвини федералната република во прибирањето на нечесни трговски интереси преку слабото евра. Меркел и министрите велат дека Европската централна банка – а не Берлин – владее со судбината на единствената европска валута.

Темата за Русија исто така ќе присуствува на агендата на разговорите. Претставници на Белата куќа изјавија дека Трамп ќе побара совет од Меркел за пристапот кон рускиот претседател Владимир Путин.

Меркел ја критикува забраната на Трамп за влез во САД на граѓани на неколку земји со претежно муслиманско население. Во телефонски разговор во јануари таа му ја објасни на американскиот претседател Женевската конвенција која е потпишана и од САД, со која се нагласува дека треба да се прифатат бегалци од региони зафатени со војни.

Меркел исто така е загрижена со ставот на Трамп, кој повеќе пати ја пофали одлуката на Велика Британија да ја напушти ЕУ, кој може да ја поткопа Унијата ако продолжи со таквата реториката и уште повеќе ја продлабочи кризаат, предизвикана од растот на евроскептицизмот и порастот на популарноста на популистичките партии.

“Европа е во прилично кревка и несигурна состојба и Германија се обидува да го задржи интегритетот на проектот за европска интеграција. Се сомневам дека канцеларката ќе сака тоа јасно му го даде на знаење на претседателот”, вели Ентони Гарднер, кој до јануари беше постојан претставник на САД во ЕУ.

“Ова е можност да се планираат области од взаемен интерес, да се утврди позитивен дневен ред”, додаде тој, “Но една средба сама по себе не е во состојба да ја промени климата (во билатералните односи).”

Трамп е третиот американски претседател, со кого работела Меркел. Таа е европски лидер сп најдолг стаж.

Меркел изгради добри односи со Џорџ Буш – помладиот, кој поради војната во Ирак имаше силна желба да ги подобри врските со Германија, затоа што беше критикуван од претходникот на Меркел, Герхард Шредер.

Иако односите со Обама имаа тежок почеток односно Меркел одби да му даде зелено светло да држи говор на Бранденбуршката порта за време на предизборна кампања во 2008 година, со времето двајцата се запознаа и соработуваа по прашањето за санкциите против Русија и ги почнаа преговорите за трансатлантскиот договор за слободна трговија.

“Разделбата е тешка за мене”, призна Меркел при посетата на Обама во ноември, недела по победата на Трамп.

Германскиот лидер ќе треба да се придржува кон кревката рамнотежа во Вашингтон. Во предвид треба да се имаат парламентарни избори закажани во септември, кои сами и се наметнуваат на Меркел и во секој слуај не треба да создава впечаток кај политичките противници дека се стреми за комфорни односи со Трамп. Од друга страна, таа не може да си дозволи отворена конфронтација со него и да ризикува да им наштети на германските интереси.

Едно од најголемата загриженост во екипата на канцеларот пред посетата е да не се отворат изненадувања. Јапонскиот премиер Абе имаше непријатно 19-секундно ракување со Трамп, додека Меј беше критикувана од некои британските медиуми затоа што го фатила за рака американскиот претседател, со цел да се слика со него во Белата куќа.

Минатиот месец, пред израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да се сретне со Трамп, тој и неговиот тим поминале цел ден во бескрајно изучувања на сценарија, прашања и влез во улоги, за да се осигура дека се подготвени за сите можности.

Но конечно пак се покажаа изненадени од Трамп, кој заговора спонтана заедничката прес-конференција по горливо прашање за еврејските населби и евентуална палестинска држава.

Меркел признала дека таков степен на изненадувања не сака и затоа како дете подготвувила листата со желби за да не ја изненадат со некој неочекуван подарок. Сепак од Трамп може да се се очекува и неочекуваното.


Спонозорирани линкови

Маркетинг