Се мачите со мозолчиња, а не сте тинејџер? На овој начин засекогаш ќе се ослободите од нив

Точка

13/03/2017

19:40

4.123

Големина на фонт

а а а

Поголеми се шансите да имате акни како тинејџер, но тоа им се случува и на постари жени поради природата на месечните хормони.

Мозолчињата и акните можат да бидат вистински проблем, но за среќа постојат решенија кои можат да ви помогнат, без разлика дали сте тинејџер или сте повозрасни.

1. За почеток, што се овие црвени точки на лицето? Тие настануваат поради таложењето на маста која се наоѓа во порите. Мртвите клетки обично ја блокираат маснотијата да излезе од порите, каде што после тоа можат да се размножат бактерии и да доведат до создавање на мозолчиња.

2. Митесерите се она од кое лесно можат да настанат мозолчиња. Кога кожата не може да ја издржи акумулацијата на бактерии, порите се шират и создаваат мозолчиња. Понекогаш, тоа може да доведе и до создавање на цисти.


3. Поголеми се шансите да имате акни како тинејџер, но тоа им се случува и на постари жени поради природата на месечните хормони.

4. Понекогаш, акните зависат од генетиката. Ако вашите родители имале акни кога биле млади, веројатно и вие ќе го наследите тој ген.

5. Ако имате сува кожа, тоа не значи дека ќе ги избегнете акните. Сите типови на кожа имаат потенцијал за формирање на акни, но ако вашата кожа е помрсна, тогаш акните почесто се појавуваат.

6. Една од главните работие да и` дозволите на кожата да дише и да носите соодветна облека, бидејќи акните не се појавуваат само на лицето, туку и на телото, најчесто на грбот.


7. Ако забележите дека кожата на вашето лице се менува, проверете кои лекови сте ги земале неодамна, бидејќи постои можност некој од нив да го предизвика овој проблем.

8. Многу луѓе мислат дека ќе ги избегнат акните ако не јадат мрсна храна како што е пицата или помфритот. Всушност, дерматолозите велат дека мрсните раце го предизвикуваат овој проблем и поради тоа веднаш измијте ги откако ќе јадете и не го допирајте лицето.

9. Храната која содржи шеќери и јаглехидрати, дури и млечните производи, можат да предизвикаат акни.

10. Стресот е еден од водечките проблеми генерално, па поради него настануваат акните и многу други здравствени проблеми.

11. По вежбањето во теретана, потта може да се задржи во порите. Поради тоа, треба да се миете и така ќе го избегнете создавањето на акни.

12. Многу производи за хигиена обично содржат антибактериски компоненти кои ги чистат порите. Редовно правете пилинг на лицето, мачкајте се со благи креми и ќе ги намалите акните.


13. Имајте трпение. За третирање на акните е потребно време за да се избалансира маснотијата во кожата.

14. Соодветната крема за лице може да направи чуда за вашата кожа, особено ако имате мрсна кожа.

15. Важно е секој пат да ги перете четките за шминкање, за да ја намалите појавата на бактерии кои би се пренеле на вашето лице.

16. Најважно од сè е да избегнувате допирање на акните и нивно цедење, за да избегнете лузни и дамки кои би можеле да се задржат на вашето лице.


Спонозорирани линкови

Маркетинг