Тод не ги сака В10-ките назад

КРУГ.МК

13/03/2017

17:59

750

Големина на фонт

а а а

Претседателот на ФИА, Жан Тод, е против враќање на атмосферските В10 мотори во Формула 1 откако спортот влезе во В6 турбо хибридната ера пред 4 години на барање на производлите за создавање на технологија која ќе може да се користи во секојдневните автомобили.

Фановите се жестоки противници на денешните мотори главно поради мекиот и не-тркачки звук кој го произведуваат.

Рос Браун веќе размислува за моторите кои треба да се користат по 2020 година кога ќе помине валидноста на договорот со кој В6 турбо хибридната ера стапи на сила.

„Промената нема да биде општествено прифатена. Имаме обврска кон општеството затоа што водиме глобална организација. Сигурен сум дека ако некој предложи да се вратиме на моторите од пред 10 години, производителите не би се сложиле со тоа и сигурен сум дека барем 3 екипи би се откажале од спортот.

Исто така, знаеме дека стабилноста е клучна и прва, конкуренцијата и натпреварот, а потоа и штитење на инвестицијата. Не може секоја година да инвестирате во нова технлогија, не е финансиски издржливо, а трошоците ионака се преголеми и тимовите се жалат за спсурдното трошење“, објасни Тод.

Французинот смета дека Формула 1 треба да остане во иста фаза со развојот во општеството.

„Спортот мора да го земе во предвид развојот на општеството. Кога ќе видите дека многу работи во светот се фокусирани на загадувањето и глобалното затоплување и ние мораме да го дадеме својот придонес. Вистина е дека една Формула 1 трка загадува помалку од еден авион на своето патување од Парис до Њу Јорк, но ние мораме да поставиме пример. Не смееме да си дозволиме непотребно да загадуваме затоа што тоа може да биде многу лош маркетинг за нас“.


Спонозорирани линкови

Маркетинг