7 занимливости за амазонската дождовна шума кои можеби не сте ги знаеле

Точка

13/03/2017

17:51

5.420

Големина на фонт

а а а

Најголемата тропска дождовна шума се протега околу реката Амазон долга 6.440 километри. Има 10.000 притоки, а по количината на вода се смета за најбогатата река на светот.

1. Амазонската тропска дождовна шума се протега на околу 5.5 милиони километри квадратни во Јужна Америка, а поминува низ девет држави (Гвајана, Еквадор, Венецуела, Боливија, Бразил, Суринам, Француска Гвајана, Колумбија и Перу). Ја нарекуваат „белите дробови на светот“ бидејќи произведува 20 отсто од целиот кислород на Земјата.


2. Оваа монументална и биолошки разнолика област не е истражена до крај. Уште повеќе, некои веруваат дека во нејзините зафрлени делови се кријат околу 50 домородни племиња кои живеат примитивен начин на живот и никогаш немале контакт со надворешниот свет.


3. Најголемата тропска дождовна шума се протега околу реката Амазон долга 6.440 километри. Има 10.000 притоки, а по количината на вода се смета за најбогатата река на светот. Првиот човек кој целосно ја препливал бил Словенецот Мартин Стрел во 2007 година. Не се откажал од својот пливачки потфат долг 66 дена иако добил воспаление на бубрезите и мозокот, сончаница и сериозни проблеми со срцето.


4. Амазон ја нарекуваат и најопасната река на светот, бидејќи во нејзините длабочини се кријат многу необични животни. Меѓу популарните жители е и незаситната риба месојадец – пираната, електричната јагула која може да предизвика испуштање на енергија од 55 волти, но и џиновската змија анаконда.


5. Опасни животни живеат и во амазонската прашума, а особено диви мачки како што се јагуарот и пумата. Амазонската прашума е дом за 20 отсто од сите познати птичји видови во светот, како и на 2.5 милиони различни инсекти.


6. Поради густината на дрвјата во оваа тропска дождовна шума, почвата на некои делови е во вечен мрак. Уште повеќе, гранките се толку густи, што кога врне дожд потребни се околу 10 минути за капките вода да стигнат до тлото.


7. На Амазон името и` го доделил шпанскиот истражувач Франциско де Орељана, односно првиот Европеец кој отишол длабоко во оваа област. Името и` го дал во 1542 година, бидејќи во дождовната шума забележал многу домородни жени кои со својот изглед го потсетиле на Амазонките од грчката митологија.







Спонзорирани линкови

Маркетинг

Whoops, looks like something went wrong.