Софи Трудо – Жената на најсексапилниот политичар чиј живот ќе ве воодушеви

Точка

13/03/2017

17:12

5.979

Големина на фонт

а а а

Некогашната презентерка на канадската телевизија CTV Television Network, Софи Грегоар Трудо, денес е позната како сопругата на најсексапилниот политичар, канадскиот премиер Џастин Трудо. И додека тој е омилен каде и да се појави поради шармот, непосредноста, неговата борба за бегалците, жените и ЛГБТ популацијата, нејзе не ѝ се простуваат многу работи. Дали е тоа поради успехот или прекрасниот маж, на Софи не ѝ е многу грижа за тоа. Запознајте ја првата дама на Канада.

Иако речиси целиот живот го познавала семејството на својот избраник (се дружелао братот на Трудо сè до неговата 23-та година кога загинал), судбоносната средба се случила во 2003 година. Таа го водела добротворниот бал „Мерцедес – Бенц гранд при“.


„Се смеевме, се шегувавме и си реков себеси дека тој е некој кого треба да го сфатам сериозно“, рекла Софи (41) за "Chatelaine".

Утредента му напишала мејл на кој тој никогаш не одговорил. Но, прстот на судбината повторно ги споил тоа лето. Џастин не губел време и го закажале првиот состанок.


„Знаев дека таа е вистинската. Толку беше убава, но и грижлива, одговорна, свесна и мила личност. Таа вечер ни беше супер и не се воздржував. Ја прашав каде се криела 32 години, бидејќи целиот живот ја чекав само неа“, романтично изјавил емотивниот Трудо, кој за себе често вели дека е феминист и не се срами отворено да покаже дека е на страната на жените.


Венчавката се случила во 2005 година, а се разбира, изгледала како да е од бајка. Парот добил три деца – Ела Грејс, Хадрин и Хавиер.


Она што ја прави Софи вистинска среќничка е фактот што живее во хармоничен брак – и двајцата се залагаат за правата на жените, тој за себе дури вели дека е „феминист“, а таа е амбасадор на проектот "I am a girl". Освен тоа, се залага и за зачувување на водите за пиење ширум светот, има сертификат за инструктор по јога, а бесконечно ужива и во разни спортови.


Од сите активности, најрадо ги избира оние поврзани со своето семејство. „Децата најчесто ми предизвикуваат насмевка и сè што правам е за да создадам подобар свет за нив и за сите деца кои ќе останат на оваа планета.“


Спонозорирани линкови

Маркетинг