Бидете внимателни: Клоновите на паметните телефони стануваат сè подобри

Точка

13/03/2017

15:02

6.235

Големина на фонт

а а а

Паралелно со развојот на паметните телефони на најмоќните светски брендови, во Кина се развиваат и нивни евтини копии кои што стануваат сè подобри.

Некогаш беше доволно да се „фрли“ еден поглед и веднаш речиси сите да можат да препознаат копија на некој паметен телефон на познат бренд, но работите сега веќе радикално се менуваат.

Подеднакво брзо како и развојот на паметните телефони, расте и сè поквалитетната продукција на лажните паметни телефони кои речиси секогаш се произведуваат во Кина. Денес може да се најде лажен iPhone 7 Plus по цена од 70 долари, а ако помисливте дека вие веднаш би го препознале, тогаш треба да помислите и на оние кои што се помалку упатени во најновите технолошки парчиња.

Како што можете да видите подолу на видеото, објаснета е како изгледа една евтина копија на iPhone 7 Plus.


Авторот на видеото најпрвин го истакнува тоа што лажниот телефон е спакуван во речиси идентична кутија како и оригиналниот Ајфон. Понатаму, на прв поглед лажниот Ајфон изгледа речиси идентично како оригиналниот, па оние кои што не се запознаени со телефоните на Apple и нивниот квалитет, лесно можат да бидат прелажани.

Како и да е, кога ќе го вклучите телефонот сè е друга приказна - на овој лажен паметен телефон од Кина е невозможно да се инсталира iOS оперативен систем, но интересно е тоа што на пример, читачот за отпечатоци на прсти работи нормално. На што треба да внимавате кога купувате нов Ајфон, погледнете на видеото подолу.



Спонозорирани линкови

Маркетинг