Мрачните тајни на најстарите споменици: Никој не може да ја објасни мистеријата која ја кријат

Точка

11/03/2017

18:33

7.022

Големина на фонт

а а а

Необичните споменици ја красат земјата веќе илјадници години, а имаат значајна историска, културна и духовна вредност.

Необичните споменици ја красат земјата веќе илјадници години, а имаат значајна историска, културна и духовна вредност.

Стоунхенџ, Англија

Овој споменик е изграден помеѓу 3000 и 2000 година пред новата ера, а и ден денес научниците не можат да се договорат околу начинот на кој се подигнати тие големи камени блокови.

Не се знае ниту кој градел слични вакви споменици во Велика Британија кои биле подигнати за религиски цели.

Сигирија, Шри Ланка 

Сигирија е монолитна карпа, позната и како лавовска карпа, на која се наоѓаат остатоци од некогашната палата на кралот Кашјап, која подоцна била претворена во будистички споменик.

 

Висока е 200 метри, а прашање е како бил изграден овој град пред толку години.

Пирамидите во Египет 



Научниците се` уште не се сигурни како се подигнати овие големи споменици кои привлекуваат илјадници туристи од целиот свет.

Кинескиот ѕид, Кина 

Оваа низа на одбранбени ѕидови со кули се смета за најголемата градба на светот и се една од најпопуларните туристички атракции. Првите ѕидини биле изградени уште во 7 век пред новата ера.

Со нивното надоградување почнале да се шират легенди за мистериозни исчезнувања на градителите, чии тела наводно биле вградени во ѕидот.




Спонозорирани линкови

Маркетинг