Откритие кое сите ги изненади: Од кал се појави Рамзес стар 3.000 години!

Точка

11/03/2017

14:52

8.270

Големина на фонт

а а а

Археолозите од Египет и Германија во калта на подземните води од сиромашниот дел на Каиро пронајдоа осум метри висока статуа која најверојатно го претставува обожуваниот фараон Рамзес Втори.

Египетското Министерство за антиквитети соопшти дека ова е едно од најважните откритија било кога. Статуата, најверојатно направена од кварцит, е пронајдена во близина на урнатините на храмот на Рамзес во античкиот Хелиополис, кој сега се наоѓа во источниот дел на Каиро. Археолозите се речиси сигурни дека тоа е Рамзес II.


Рамзес II е најпознатиот и најмоќниот фараон на древниот Египет. Тој владеел од 1279-та до 1213-та година пред нашата ера. За време на неговото владеење Египет се протегал од Сирија до Нубија.



Храмот на сонцето во Хелиополис, во чија близина е пронајдена статуата, е еден од најголемите во Египет, двапати од големината на Карнак, но бил уништен во грчко-римскиот период. Многу од неговите обелисци биле преместени или во Александрија или во Европа, а камените блокови или се украдени или искористени за изградбата на Каиро.



Ако се потврди дека тоа е Рамзес II. статуата ќе биде подигната во предниот дел на големиот Египетскиот музеј кој се планира да биде отворен во 2018 година.




Спонозорирани линкови

Маркетинг