Голден Стејт не е ист без Дурент: „Волците“ ги гризнаа „воините“ во Минесота

Дерби

11/03/2017

13:12

909

Големина на фонт

а а а

Голден Стејт едноставно не е ист тим без Кевин Дурент во својот ростер, а уште една потврда за тоа добивме изминатава вечер откако актуелниот вицешампион претрпе нов пораз на гостувањето кај Минесота.

„Волците“ ја искористија ранетоста на противникот и во драматична завршница успеаја да слават со минимални 103:102, и на тој начин му го нанесоа четвртиот пораз на Голден Стејт на последните шест натпревари.

Тимот на Стив Кер како да не поседува победнички карактер без засилувањето, па иако практично станува збор за истиот тим кој лани постави историски рекорд, а преклани ја освои титулата, едноставно работите изгледаат доста загрижувачки во овој момент.

Стеф Кари го промаши последниот шут со кој можеше да му донесе победа на својот тим, а со самото тоа ја заокружи лошата шутерска вечер, погодувајќи само една тројка од осум обиди. Кари го заврши мечот со 26 поени зад своето име, додека Томпсон постигна 30. Во победничкиот тим, Вигинс беше несопирлив во вториот дел во кој постигна дури 20 од вкупно уфрлените 24 поени, а феноменален беше и организаторот Рики Рубио кој покрај 13-те асистенции, придодаде и со 17 поени.



Други НБА резултати:

Шарлот – Орландо 121:81
Атланта – Торонто 105:99
Чикаго – Хјустон 94:115
Милвоки – Индијана 99:85
Далас – Бруклин 105:96
Денвер – Бостон 119:99
Сакраменто – Вашингтон 122:130 (по продолжение).


Спонозорирани линкови

Маркетинг