5 работи кои мажите ги забележуваат за време на сексот, но нема да признаат!

Точка

11/03/2017

11:12

7.012

Големина на фонт

а а а

Да, ќе го забележат сето тоа, но никогаш нема да ви признаат. Во продолжение прочитајте што се` мажите забележуваат за време на сексот.

Реакција на нивните несовршенства


Не „пукаат“ од самодоверба сите мажи кога ќе се соблечат пред девојката. Исто како и припадничките на понежниот пол, им се случува да имаат недостаток на самодоверба во интимните моменти. Додека ние се прашуваме дали ги гледаат нашите неиздепилирани нозе, тие размислуваат за тоа дали ни пречи нивниот пивски стомак и дали навистина сме задоволни од големината на нивната машкост. Ќе го забележат и ќе го преиспитуваат секој наш поглед кој ќе слета на делот од нивното тело од кој не се задоволни.

2. Вашите несовршенства



Да, го забележуваат целулитот, неиздепилираните влакна, акните... Меѓутоа, навистина не им е грижа за тоа! Додека ние сето наведено го доживуваме како некоја голема мана, тие воопшто не се заморуваат со тоа и ги прифаќаат нашите тела онакви какви што се.

3. (Не)задоволството во интимните моменти

Мажите сакаат да добијат потврда дека сте задоволни, па желно ги исчекуваат вашите гласни воздишки или бакнежи и допири кои велат „сакам уште“. Ако се досадувате во кревет со него, тоа нема да го пропушти, но голема е веројатноста дека нема да ве праша зошто не сте уживале и како може да го промени тоа. Немојте да се срамите прва да го започнете разговорот со него за таа тема, бидејќи заслужувате да бидете целосно задоволни од својот сексуален живот.

4. Вложениот труд



На голема среќа за жените, постојат мажи кои навистина сакаат да им се посветат на партнерките за време на сексот и ќе направат се` што е во нивна моќ за тие максимално да уживаат, бидејќи нивното задоволство им е приоритет. Секако, најдобриот секс е оној во кој двајцата партнери еднакво уживаат, па „вредниот“ маж сака кога партнерката ќе му возврати со иста мера. Ако тоа ретко се случува, тој ќе се чувствува по малку изневерено, бидејќи секогаш сам ја врши целата работа.

5. Емоции после сексот

Баш како и за време на сексот, мажите сакаат да го видат вашето задоволство и по интимниот однос. Сексот создава посебна поврзаност помеѓу партнерите која лесно може да се почувствува, а мажите дефинитивно ќе го забележат и нејзиното отсуство.




Спонозорирани линкови

Маркетинг