Кој ви се допаѓа најмногу? Ова се трите финалисти за наградата најдобар автомобил на светот за 2017-та година

Точка

10/03/2017

19:00

4.906

Големина на фонт

а а а

Изборот за најдобар автомобил на светот за 2017-та година сега се намали на последните три кандидати.

За престижната World Car of the Year Award награда се во борба Audi Q5, Jaguar F-Pace и Volkswagen Tiguan, а осојувачот на „титулата“ ќе биде прогласен на саемот за автомобили на 13-ти април.

За прв пат трите финалисти се SUV возила, што јасно укажува на тоа колкава популарност уживаат ваквите автомобили на пазарот. Најдобриот меѓу нив ќе го избере меѓународно жири составено од 75 новинари од 23 држави ширум светот.

И додека неизвесноста трае, голема причина за задоволство имаат од Jaguar чиј што модел F-Pace се најде и на скратената листа за наградата за најдобро дизајниран автомобил на годината (2017 World Car Design of the Year) и тоа во конкуренција со кабриолетот С-Класа на Мерцедес и Тојота "C-HR".


2017 World Car of the Year: Audi Q5, Jaguar F-Pace, Volkswagen Tiguan

2017 World Luxury Car: BMW Серија 5, Mercedes-Benz Е Класа, Volvo S90/V90

2017 World Performance Car: Audi R8 Spyder, McLaren 570S, Porsche 718 Boxster/Cayman

2017 World Green Car: Chevrolet Bolt, Tesla Model X, Toyota Prius Prime

2017 World Urban Car: BMW i3 (94 Ah), Citroën C3, Suzuki Ignis

2017 World Car Design of the Year: Jaguar F-Pace, Mercedes-Benz С Класа Кабриолет, Toyota C-HR


Спонозорирани линкови

Маркетинг