Најавен е „напад" на Ајфон и Галакси: Наскоро пристигнува најмоќниот телефон на Нокиа

Точка

10/03/2017

19:00

8.179

Големина на фонт

а а а

После претставувањето на „носталгичната“ Нокиа 3310, компанијата HMD Global која што ги има правата од брендот Нокиа, се подготвува за лансирање на првиот паметен телефон кој што ќе им конкурира на најмоќните модели на Samsung и Apple.

Сега веќе им е јасно на сите - тактиката со претставувањето на новата Нокиа 3310 се покажа како успешна, името на познатиот фински бренд повторно е актуелно во технолошкиот свет, а првите информации за нарачките на 3310 покажаа дека луѓето „полудеа“ по старо-новиот телефон на Нокиа.

Сепак, јасно е и дека долгорочните планови на HMD Global не се поврзани со овој телефон кој што пред се имаше задача да го привлече вниманието на светската јавност. Сега, се чини дека најдоброто од Нокиа допрва доаѓа, а тоа подразбира напад на најмоќните паметни телефони на денешницата.


Според гласините кои што започна да кружат на интернет, за три месеци можеме да очекуваме телефони од Нокиа 8 серијата кои што на пазарот треба да им конкурираат на Ајфон и Галакси.

Станува збор за два уреди - уред со дијагонала на екран од 5,2 инчи и „фаблет“ со екран од 5,5 или 5,7 инчи (резолуција на екран од 2650х1440 пиксели). Телефоните би требало да работат на Qualcomm Snapdragon 835 процесор, да имаат 4 односно 6 GB RAM меморија, задна камера со резолуција од 32 мегапиксели (наводно ќе има две задни камери), и предна камера од 12 мегапиксели.


Телефоните ќе имаат 64 односно 128 GB интерна меморија која што секако ќе може да се прошири со microSD мемориска картичка, а од останатите опции кои што можеме да ги очекуваме се поддршка за Daydream VR на Google и секако, метално куќиште со врвен квалитет.

Цената на овие уреди на Нокиа би требало да се движи околу 580 долари за моделот со помал екран, односно 650 долари за „фаблетот“. Како што е обичај, од HMD Global не сакале да дадат коментар во врска со овие гласини, но претходно од таму најавија дека оваа година корисниците можат да очекуваат нови паметни телефони на Нокиа.


Спонозорирани линкови

Маркетинг