Најсрамното видео на Меланија Трамп: „Имам секс речиси секоја вечер, а сега сум речиси гола”

Точка

10/03/2017

17:56

19.881

Големина на фонт

а а а

На интернет се појави многу непријатно радио интервју од 1999 година, кога Трамп безуспешно се кандидирал за претседател. Водителот Хауард Стерн разговарал со Доналд и го замолил слушалката да и` ја даде на неговата девојка Меланија...

Трамп со задоволство ги поврзал, а Стерн започнал: „Ти си многу секси, ги видов твоите фотографии. Не можам да поверувам, ти си како сон. Да ти кажам една работа, сакам да ја облечеш најсексапилната облека која ја имаш. Што имаш на себе?“


„Ох, во ред. Нема да ти кажам, ќе видиш“, одговорила Меланија на лош англиски.

Кога Стерн продолжил да ја испитува Меланија за тоа што има на себе, таа му одговорила: „Ох, не баш многу работи. Речиси сум гола“, пишува „Daily Star”.

Слушателите потоа можеле да го слушнат Стерн како најавува дека сега ќе ги соблече панталоните, а потоа продолжил да ја испитува Меланија за сексуалниот живот со Доналд. Таа без воопшто срам одговорила дека нивниот секс е „супер“ и дека го имаат повеќе од еднаш дневно. Признала дека никогаш не зема пари од неговиот паричник, а не сакала да каже дали сака да се омажи за Трамп.


Стерн на крајот ѝ упатил неколку комплименти на сметка на бујните гради, а Трамп потврдил дека Меланија била целосно гола за време на разговорот.



Спонозорирани линкови

Маркетинг