7 рајски острови за кои веројатно никогаш не сте ни слушнале

Точка

09/03/2017

18:34

4.317

Големина на фонт

а а а

Белиот песок и рајските плажи досега секогаш нè потсетуваа на Карибите, така што никогаш не сме ни помислиле дека такви острови би можеле да постојат и на некое друго место, особено не во јапонскиот архипелаг. Корални гребени, делфини, желки, китови... Богатството на подводниот свет се уште еден адут на овие острови.

1. Ибо, Мозамбик


Оваа африканска земја важи за туристичка дестинација во која бројот на посетители во последните години само расте, што не е чудно со оглед на тоа што може да се пофали со повеќе од 2.000 километри брег! Во последно време тука се појавуваат многу луксузни одмаралишта, но вистинската убавина се крие во островите. Еден од нив е Ибо, на кој Португалците оставиле длабока трага, а денес е место вредно за секое внимание.

2. Зилт, Германија


Верувале или не и Германија има „коњ за трка“ во оваа категорија. Зилт е најголемиот и најсеверниот од групата фризиски острови, а го краси долга песочна плажа. Тука летата се топли, на островот доминира песок (покрива дури 33 отсто од површината), а од година во година привлекува голем број уметници и љубители на природата.

3. Масирах, Оман


Кога планирате одмор на остров, тешко дека ќе се упатите на Блискиот Исток, но сеедно мораме да го споменеме овој скапоцен камен. Масирах нуди песочни плажи, корални гребени, богат подводен живот, а ќе видите како пливаат и големи желки.

4. Островите Јаејама, Јапонија


Белиот песок и рајските плажи досега секогаш нè потсетуваа на Карибите, така што никогаш не сме ни помислиле дека такви острови би можеле да постојат и на некое друго место, особено не во јапонскиот архипелаг. Корални гребени, делфини, желки, китови... Богатството на подводниот свет се уште еден адут на овие острови.

5. Островите на принцезата, Турција


На само неколку километри од Истанбул се сместиле овие острови на кои автомобилите се забранети, а плажите се магични, така што во летниот период се идеални за еднодневно бегство од градскиот метеж и врева.

6. Кавало, Франција


Малиот остров со звучно име се наоѓа во близина на многу пославната и попозната Корзика. Тука мирот и дискрецијата ви се загарантирани, таму исто така не сообраќаат автомобили, а има само еден хотел, марина, два едноставни ресторани и околу десет плажи.

7. Островите Циес, Шпанија


„Галициските Сејшели“ и „галициските Кариби“ се само некои од прекарите на овие острови. Кога ќе појдете таму веднаш ќе ви стане јасно зошто е тоа така, со оглед на тоа што плажите изгледаат нереално.


Спонозорирани линкови

Маркетинг