Зимски олимписки игри на Специјална олимпијада Австрија 2017

Нетпрес

09/03/2017

13:20

765

Големина на фонт

а а а

Под слоганот „Отчукување за светот“ од 14 до 25 март 2017 во Австрија Македонија ќе учествува на 11-тите Светски зимските олимписки игри на Специјална олимпијада Австрија 2017 за лица со интелектуална попреченост.

На овие олимписки игри Македонија учествува со три члена делегација, атлетот Бојан Трајковски (21), тренерот Јован Јовановски и водачот на делегацијата Аган Реџепагиќ.

Бојан се натпреварува во дисциплината Алпско скијање во слалом, велеслалом и супер велеслалом во категорија Нов ајс, почетници. Тренанжниот процес со одвиваше на Маврово и во Боровец.

„Пријатно сум изненаден од напредувањето на Бојан во скијачката вештина. Моите очекувања на почетокот на подготовките беа скромни, но тој силно ме демантира со ентузијастичкиот ангажман од првиот тренинг до сега. Во периодот на тренинзи Бојан напредуваше одлично и јас сум оптимист дека по завршувањето на Олимпијадата тој ќе продолжи да скија, што е добивка која не може да си ја дозволи секој човек.“ – вели тренерот Јован Јовановски

„Јас очекувам да освојам медал“ – вели атлетот Бојан Трајковски.

Овогодинешните Зимски олимписки игри на Специјална олимпијада, на кои ќе учествуваат 2.700 атлети, 1.100 тренери од 107 нации, а се поддржани од 3.000 волонтери, се најголемите зимски олимписки игри во историјата на Специјална олимпијада воопшто. Натпреварите ќе се одвиваат во три скијачки центри: Грац, Шладминг и Рамзау ам Дахштајн, а атлетите ќе се натпреваруваат во девет дисциплини: уметничко лизгање, брзо лизгање, хокеј во сала, флорбол, одење по снег, алпско скијање, скијачко трчање, скијање на даска (сноубодинг) и стикшутинг.

Целите на овогодинешните Зимски олимписки игри Австрија 2017 се: јакнење на човековите права, зголемување на бројот на учесници во новите спортови и создавање на партнерски програми

Подготовките и заминувањето на делегацијата на Специјална олимпијада Макеоднија на овие Зимски олимписки игри Австрија 2017 е овозможено од НЛБ Тутунска банка.


Спонозорирани линкови

Маркетинг