Полета "Sentinel": Лансиран е сателитот кој „ќе го спаси светот"

Точка

09/03/2017

10:33

5.528

Големина на фонт

а а а

Од космодромот во Француска Гвајана лансиран е сателитот Sentinel-2B кој ќе му се придружи на веќе лансираниот 2A - двата сателити „ќе ја држат Земјата на око“.

Сателитите се дел од европската програма за надгледување на земјата наречена „Коперник“ која што се состои од седум сателитски мисии. Целта е да се соберат сеопфатни податоци за Земјата кои што ќе бидат од голема корист за човештвото.

Претходникот на Sentinel-2 сателитите за надгледување на Земјата беше Envisat кој што исчезна во вселената во 2014-та година. Инаку, Sentinel-2A уште од 2015-та година е во функција и испраќа сателитски снимки на Земјата во висока резолуција.


За разлика од нив, Sentinel-1 сателитите ги снимаат копното и океаните со радарски системи кои што до милиметар можат да измерат разлика во висина. Благодарение на овие сателити се собрани информации за тоа дали Венеција тоне, а берлинското метро пропаѓа подлабоко во земјата. Освен тоа, научниците дознале дека површината на Земјата на некои места се подигнала до 2 метри како последица на земјотресот во Јапонија.

Целата програма „Коперник“ е предвидена за периодот од 2014-та до 2020-та година и чини околу 4,3 милијарди евра, но научниците велат дека вложувањето се исплаќа затоа што податоците кои што ги испраќаат сателитите можат да го спасат светот.

Една од следните цели е мерење на концентрацијата на гасови, како што на пример е озонот.


„Современите методи овозможуваат разликување на „лошиот“ озон на тлото од „добриот“ озон во атмосферата“, вели Роберт Мајснер од „ЕСА“ кој што додава дека благодарение на тоа, можеме да дознаеме колку ефикасно озонот ја штити атмосферата, како и тоа кои градови се посебно изложени на загаден воздух.

Доста интересно е долгорочното следење на различните податоци со цел да бидат препознаени трендовите во климатските промени. Сателитите на пример, можат многу прецизно да ја измерат влажноста на тлото како и температурите на одредено место. И тие вредности се менуваат со климатските промени. Двата Sentinel-2 сателити ќе ја покриваат целата Земја за пет дена.

Sentinel-2 сателитите го следат и движењето на замрзнатите брегови. Заедно со метеоролошките сателити даваат информации за условите за пловидба на бродовите, како и летовите на авионите, пренесува „Берлинер Цајтунг“.


Спонозорирани линкови

Маркетинг