Револуција: IBM развива компјутери кои што ќе бидат милиони пати побрзи од денешните

Точка

08/03/2017

15:19

3783

Големина на фонт

а а а

Од гигантот IBM се прилично оптимистични околу иднината на квантните компјутери и веруваат дека првите вакви компјутери можеме да ги очекуваме наскоро.

IBM основаше нов оддел во компанијата наречен IBM Q кој што има цел - развој и продажба на квантни компјутери кои што ќе бидат за повеќе милиони пати побрзи од денешните компјутери.

Во IBM веруваат дека доволно напредувале со нивниот развој и уште сега програмерите можат да започнат со развој на софтвер за ваквите компјутери. Иако многу научници сметаат дека за ваквите компјутери ќе мора да почекаме уште неколку години, директорите на IBM, со оглед на напредокот на компанијата, тврдат дека квантните компјутери светот може да ги добие многу порано од очекувањата.

Но, освен хардверот, многу е важно да се има подготвен софтвер кој ќе може да работи на тие компјутери, па затоа веќе е започнат развојот. Првиот чекор кон тоа е развој на апликациски програмски интерфејс кој на програмерите ќе им овозможи префрлување на програмите од традиционалните на квантните компјутери.


Подоцна можеме да очекуваме и симулатор кој што ќе ги имитира квантните компјутери, а тоа исто така ќе им овозможи на програмерите да развиваат софтвер за нив.

Како и да е, класичните компјутери секако стануваат се помоќни нивниот развој ќе продолжи, а тие и натаму ќе бидат основната алатка за се што ние правиме во бизнис и општествената сфера. Сепак, постојат многу „проблеми“ кои што тие не можат да ги решат, па затоа на научниците им се потребни квантните компјутери.

Том Росамилиа од IBM за британски "Indepenent" порача дека нивните IBM Q системи во иднина ќе работат заедно со постоечките моќни компјутери за да решат проблеми за кои што моментално нема решение, а кои што содржат „неверојатна неискористена вредност“.



Спонозорирани линкови

Маркетинг