Леброн ја прекина вечерата за да му го честита неверојатното достигнување на Новицки

Дерби

08/03/2017

14:18

1.838

Големина на фонт

а а а

Германската легенда, Дирк Новицки рано утрово по наше време дојде до бројката од 30.000 поени во НБА лигата и со тоа се запиша во историјата како шести играч на кого тоа му успеало, односно тој е првиот ас од Европа кој ја минал оваа фантастична граница.

Тоа не мина неодблежано ниту од Леброн Џејмс кој ја прекина дури вечерата за да му испрати честитка на ѕвездата на Далас Маверикс притоа посочувајќи дека се надева во иднина и тој ќе ја раситни цифрата од 30.000 кошеви.

Покрај Дирк во тој клуб се Карл Мелоун, Коби Брајан, Вилт Чембрлен, Мајкл Џордан и Карим Абдул Џабар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг