На згодната водителка ѝ пукнале пантолоните - на незгодно место

Точка

08/03/2017

10:47

17185

Големина на фонт

а а а

Британската водителка Лизи Канди обожува да ја покажува својата витка фигура, па редовно своите фанови ги изненадува со фотографии во бикини. Сепак, овој пат, непланирано покажала премногу.

Тешко е да се поверува дека оваа поранешна сопруга на фудбалерот Џејсон Канди има 46 години. Нејзиниот профил на Инстаграм е преполн со секси фотографии, а сега се пофалила и со една фотографија која е на работ на пристојноста.


Имено, Лизи имала незгода со пантолоните, кои се скинале позади, па го покажала својот гол задник и танга гаќички.


"Добар почеток на денот...Има ли некој игла и конец", напишала таа покрај фотографијата.


Лизи била омажена за некогашниот фудбалер на Челзи, Џејсон Канди, и важела за една од најконтроверзните жени на фудбалери. Во 2010-тата година, по 16 години брак, открила дека сопругот ја изневерува со оперска пејачка, па го оставила. Парот во бракот добил два сина, 22-годишниот Џош и 15-годишниот Џејмс.



Спонозорирани линкови

Маркетинг