Deadpool 2 – Конечно ни пристигна првиот трејлер!

Точка

07/03/2017

19:47

4.801

Големина на фонт

а а а

Сите со нетрпение го очекувавме трејлерот за второто продолжение на Deadpool.

Во рамките на проекцијата на најновиот филм на Марвел за Вулверин наречен „Logan”, можело премиерно да се види и првиот тизер трејлер за „Deadpool 2“, продолжението кое се` уште не почнало да се снима!

Сега тој трејлер конечно е „слободен“ на интернет, па и вие можете да се воодушевувате на новите гафови на Дедпул.


Овој трејлер, всушност, повеќе е како краток филм а го нарекле "No good deed" (Нема добро дело). Во видеото го гледаме Рајан Рејнолдс, кој го глуми ликот на Дедпул, како наидува на ограбување на пензионер во празна уличка. Наместо веднаш да му помогне на старецот, тој трча прво до говорницата да го облече својот костим, и да, ќе ја видите неговата гола позадина низ стаклото.

Во еден момент се појавува и легендарниот писател на Марвеловите стрипови, Стен Ли, кому Дедпул остро му одговара...



Да не ви го уништуваме крајот на видеото (иако веројатно го претпоставувате), погледнете го тизерот! Моментално, филмот е закажан да излезе на 2 март 2018 година.


Спонозорирани линкови

Маркетинг