Хонда и Жил Симон се разделија

КРУГ.МК

07/03/2017

16:10

771

Големина на фонт

а а а

Притисокот над јапонскиот производител Хонда е се поголем, така што тие решија да се разделат од својот Консултант, Жил Симон.

Тој е познат по својата работа над моторите на Ферари во ерата на доминација на Михаел Шумахер, а во Хонда е од 2013 година.

И покрај противењето на јапонците да имаат под договор надворешни соработници, се решија да го земат Симон како некој вид на гарант за успех на програмата за Формула 1 агрегати. Јасуке Хасегава неодамна објасни дека има голем притисок од Мекларен да вработува колку што е можно повеќе соработници од надвор. Се шпекулира дека Симон имал несогласување со некои од врвните менаџери околу насоката кон која треба да се развива моторот, така шао е решено тој повеќе да не работи во Хонда и ќе мора да отслужи 6 месеци пауза пред да може да работи за друг производител.

Портпарол на Хонда не ја потврди информацијата за заминувањето на Симон, но потврди дека договорот му е раскинат.

„Вистина е дека го прекинуваме неговиот договор во текот на оваа година со согласност од двете страни. Но, поради тоа што се работи за договор помеѓу него и Хонда, не објавуваме никакви други детали. Хонда многу ја цени неговата огромна поддршка и придонес за Формула 1 проектот“, изјавуваат Јапонците.

Медиумите пренесуваат дека трпението на Мекларен е при крај и дека едиснтвено што може да ги смири британците е претставувањето на спецификацијата за Малбурн, која се очекува да се вози во текот на вториот тест. Хонда сеуште не излегла со официјално соопштение за тоа што го предизвикало дефектот на вториот тест ден во Барселона.

„Дефектот е сеуште под истрага, но се работи секој ден. Треба да продолжиме со работата со некои промени на моторот со кој ќе го поправиме дефектот и ќе ја откриеме причината“.


Спонозорирани линкови

Маркетинг