Без Кузмановски и Гуглета вечерва против Нексе

Дерби

07/03/2017

13:13

369

Големина на фонт

а а а

Металург денеска (18.00 часот) ќе го одигра последниот натпревар во СЕХА Гаспром лигата за оваа сезона. Филип Кузмановски и Александар Гуглета нема да бидат дел од тимот што ќе настапи против Нексе, но ќе бидат дел од подготовките кои продолжуваат по оваа средба. Македонскиот тим во моментов е на шестото место, но постои реална можност да заврши на осмата позиција, единствено пред Татран Прешов и Извиѓач.

Овој епилог се наметнува откако Металург во Љубушки кај аутсајдерот Извиѓач на последниот натпревар, одигра нерешено. Доколку победеше како што му налагаше квалитетот и рејтингот, шестата позиција ќе му беше загарантирана и ќе ја завршеше сезоната како лидер на вториот дел од табелата, пред екипи како Горење и Нексе. Но, ремито во Љубушки може да го расипе изгледот на табелата, доколку денеска македонскиот вице-првак загуби на гостувањето кај Нексе, а Горење слави во Љубушки. Пред да се одиграат последните натпревари, по вина на Металург, токму тоа е и најреалниот завршеток на сезоната за екипите од долниот дел од табелата.


Спонозорирани линкови

Маркетинг