Модно промашување: Мисли дека облекла комбинезон, но ова изгледа како одело за нуркање!

Точка

06/03/2017

19:29

8.633

Големина на фонт

а а а

Пејачката Никол Шерзингер, за разлика од повеќето славни дами, често сака да носи комбинезони. И ретко кому му стајат толку добро како нејзе. Но, кога ќе претера, ниту нејзе не можеме да ѝ прогледаме низ прсти. Најновото модно издание на атрактивната пејачка било, во најмала рака, чудно.


Додека го поминувала денот со нејзиното момче, тениската ѕвезда Григор Димитров, Никол била фотографирана во тесен комбинезон во боја на праска, кој го оцртувал секој дел од нејзиното тело.


Со длабок изрез под рамениците, комбинезонот откривал многу од телото на Никол, а бидејќи пејачката не носела градник, ефектот бил двоен. Високите црни потпетици и нежната, дневна шминка не успеале да ја ублажат нејзината модна комбинација.


Никол има тело со кое може да се пофали во секој момент, но ова е само еден доказ дека секоја нагласеност не е најсреќниот избор. А, кога ќе се додаде и чепкалката за заби во устата...




Спонзорирани линкови

Маркетинг