Дали правилно ја чувате храната во фрижидерот?

Точка

06/03/2017

16:56

2.542

Големина на фонт

а а а

Чувањето на храна во фрижидерот е важно за зачувување на хранливите состојки на јадењето, без разлика дали се работи за свежи намирници или веќе замрзната храна.

Намирниците, по правило се чуваат на ниска температура. Поради тоа, вратата од замрзнувачот не треба долго да се држи отворена, бидејќи така замрзнувачот се загрева без потреба.

Кога купувате замрзнати производи, истите земајте ги при крајот на пазарењето, односно непосредно пред да тргнете кон касата. Избегнувајте пакувања кои се прекриени со ситен мраз, бидејќи постои можност тие да се претходно одмрзнувани. Оптималното време од пазарењето до ставањето на замрзнатиот производ во Вашиот фрижидер треба да биде максимум еден час.


Сировото месо во фрижидер може да остане свежо од два до пет дена, а готвеното од два до шест дена. Свежото мелено месо може да издржи од 6 до 8 часа, а приготвено – од 2 до 4 дена. Сирењето се чува во рок од 10 дена, а јајцата остануваат свежи и до 4 недели.

Салатата и друг “чувствителен” зеленчук можат да ја задржат свежината до три дена, ако се чувани во фрижидер. Зеленчукот како што е зелената салата и магдоносот може да остане свеж и до недела дена, доколку претходно го замотате во влажна хартија и го ставите во фрижидер. Општо, овој начин на чување на секој зеленчук се покажал како одличен.

Месото, сувомеснатите производи, млекото, рибата, свежото овошје и зготвените јадења веднаш ставете ги во фрижидерот по пазарењето. Одбегнувајте да ставате топла храна која сè уште не е изладена, за да не се создаде пореметување во температурата.

Во најстудениот дел од замрзнувачот, температурата не смее да биде поголема од 2 степени Целзиусови.




Спонозорирани линкови

Маркетинг