Патување од соништата: Убавините на Рио де Жанеиро

Точка

06/03/2017

16:25

2060

Големина на фонт

а а а

Доколку не сте имале прилика да уживате во убавините на овој олимписки град, ние составивме листа од најубавите места во Рио, кои сигурно ќе Ве убедат да си резервирате авионска карта уште сега.

Планината Шеќерна глава


Шеќерната глава или “Sugarloaf” е планина, која своето име го добила според необичниот облик. Возењето со жичара до самиот врв го одзема здивот, а панорамскиот поглед кој се пружа во текот на возењето, како и оној од самиот врв е импресивен.

Скулптурата на Исус Христос


Оваа огромна статуа на Исус Спасителот (“Cristo Redentor”) се наоѓа на врвот на планината Корковадо. Статуата која се наоѓа на 709 метри надморска височина и е висока 38 метри, е дел од Новите седум чуда на светот. Нејзината основа е поставена на 4 април 1922 година, а официјалната градба започнала дури во 1926 година. За нејзина изградба биле потребни пет години.

Идејата за ваквата изградба на религиозен споменик се појавила во 1859 година. Таквиот предлог бил даден од страна на Педро Марија Бос и принцезата Изабела, но во тоа време тоа не им успеало, сè до 1921 година, кога повторно била обновена таа идеја.

Кафулето Колумбо


Тука пиењето и уживањето во кафето добива сосема нова димензија. Тука можете да ги дегустирате највкусните и најразличните видови на кафе, како и вкусните пецива и колачи.

Она што го издвојува ова место од останатите е впечатливата атмосфера, како и ентериерот. Огромните огледала на ѕидовите, обоените стакла, мозаикот на самиот плафон, како и свеќниците му даваат на ова кафуле доза на носталгија и старо-европски “вајб”.

Плажата Ипанема


Ипамена е најпопуларната плажа која воодушевува со песокот, палмите, морето, планините во далечината, величенственото зајдисонце и светлосиното небо. Сместена е во населбата со исто име – Ипанема, во јужната зона на градот меѓу квартовите Леблон и Арпоадор. Населбата е изградена во 1894 година, со идеја таа да биде најелегантниот дел на Рио, а за тоа многу придонесува и самата плажа. Добар дел од плажата во минатото му припаѓал на баронот Жозе Антонио Мореира Филхо.

За оваа плажа, светот дознава и од популарната песна – „Девојката од Ипанема“, хит на Аструд Џилберто во 1962 година, подоцна препеана од Френк Синатра, а во поново време и од Еми Вајнхаус. Во 2008 година, пак, Дајана Крал ќе ја испее песната „Момчето од Ипанема“, потврдувајќи ја речиси тридецениската популарност на оваа плажа, која според многумина е најинпиративната и најубавата плажа на светот.

Mirante Dona Marta


Mirante Dona Marta е видиковец кој се наоѓа во националниот парк Тијука. Ова место е популарно поради тоа што нуди најдобар поглед кон градот, бидејќи се протега помеѓу планината Шеќерна глава и прекрасната скулптура на Исус Христос. Видиковецот функционира и како хелиодром, од каде се земаат туристи за прошетка до градот.

Градската ботаничка градина


Една од главните атракции на оваа бразилска метропола е градската ботаничка градина. Таа е еден вид на тропска џунгла во која и да се изгубите, лесно ќе го најдете патот до градот. Фонтаните и градините се совршено исполнети со повеќе од 6500 видови на бујни тропски растенија.


Спонозорирани линкови

Маркетинг