Небото над трговскиот центар предизвикало масовна хистерија: Сè траело половина час, луѓето врискале

Точка

06/03/2017

13:39

13.599

Големина на фонт

а а а

Минувачите кои на 2-ри март се нашле пред трговскиот центар во градот Китве во Замбија, биле преплашени од глетката која се одвивала на небото над нив.

Страшниот облак со човеколик изглед се надвил над трговскиот центар, а многумина коментирале дека изгледа како озлогласениот Дементор од Хари Потер.




Граѓаните почнале да ја објавуваат фотографијата на Твитер, што секако предизвикало уште поголема паника, но и коментари. Многумина се прашуваат зошто не постои видео снимено од самото место, па така повеќето луѓе сметаат дека станува збор за монтирани фотографии.


Но, според зборовите на оние кои се нашле пред самиот трговски центар, облакот бил и тоа како вистински, долг стотина метри и потемен од останатите облаци кои го преплавиле небото.


Еден од сведоците изјавил дека сите присутни биле шокирани од глетката која траела околу 30 минути.

"Некои беа воодушевени, но многумина се преплашија и побегнаа. Беше тоа едно многу чудно искуство", изјавил наводен очевидец.


Спонозорирани линкови

Маркетинг