Крволочна крокодил – ајкула се насукала на плажа: Ова е чудо, таков ѕвер никогаш не пливал во морињата на Европа

Точка

04/03/2017

11:25

14.839

Големина на фонт

а а а

Ова е прв случај да се види крокодил – ајкула во овој дел на Британија.

На брегот од Велика Британија кај Девон е пронајдена насукана крокодил – ајкула, чудовиште кое ретко се среќава во ладни мориња.

Ова морничаво животно го пронашол Стивен Гринфилдс кога со семејството отишол на прошетка по плажата Хоуп во Девон.



Гринфилд, кој инаку е и нуркач, не успеал сам да го идентификува суштеството кое го пронашол, па направил фотографии и ги објавил на профилот на Националниот морски аквариум.

Иако експертите на почетокот мислеле дека станува збор за бебе на обична ајкула, подоцна поради големината на забите на животното, се испоставило дека станува збор за крокодил – ајкула, која веројатно умрела поради шок од студената вода.

Официјалните лица веруваат дека ова е единствен случај, но ги предупредиле граѓаните веднаш да се јават ако видат уште ајкули, поради општата безбедност. Иако овој вид на ајкула директно не ги напаѓа луѓето, има неверојатно силен угриз, а доколку е уплашена може да нападне многу брзо и насилно.



Инаку, ова е прв случај крокодил – ајкула да е видена во овој дел на Британија, пишува RT.

Во последната недела морињата беа полни со изненадувања, со оглед на тоа што по плажите ширум светот испливале чудни и несекојдневни морски суштества, особено на Филипините и Русија.


Спонозорирани линкови

Маркетинг