„Пирати од Карибите 5“: Џек многу ни се подмладил во најновото продолжение

Точка

03/03/2017

21:02

8.050

Големина на фонт

а а а

Препливавме многу мориња и океани со нашите омилени пирати уште од почетокот на оваа пиратска сага, во далечната 2003 година. А, овој пат капетанот Спароу ни се враќа прилично подмладен.

Дизни не` почести со нов, односно со првиот трејлер за петтото продолжение на сагата за пиратите „Pirates of the Caribbean: Dead Men Tell No Tales“. И, за разлика од сите досегашни видеа, овој пат добивме прилика да се изнагледаме на Џони Деп, односно на неговиот сега веќе легендарен лик, капетанот Џек Спароу.


А, за прв пат добивме увид и во тоа како капетанот Спароу изгледал во младите денови. Компјутерската технологија навистина направила големи чекори напред од почетокот на оваа сага кој се случи во 2003 година.



Иако на почетокот ни беше укажано дека ексцентричниот капетан Џек овој пат ќе се бори против озлогласениот капетан Салазар (Хавиер Бардем), кој по излегувањето од Бермудскиот триаголник одлучил да ги убие сите пирати, како што ни се чини од првиот трејлер, тоа не е сосема точно. Судејќи по тоа што го видовме сега, Џек овој пат ќе се бори против некого кого тој самиот го ставил во непријатна ситуација.


Спонозорирани линкови

Маркетинг