На добар глас: Ова се најугледните градови во светот

Точка

02/03/2017

21:24

5798

Големина на фонт

а а а

Истражувањето на бостонскиот институт за репутација покажало дека Виена не само што е најдобриот град во светот по квалитетниот начин на живот, туку е и еден од најугледните градови.

Виена не е само најдобриот град во светот по својот квалитет на живот, туку е и најугледниот град во Европа. Имено, анкетата која неодамна ја спровел Reputation Insititute од Бостон на примерок од 55 светски метрополи, покажала дека Виена е многу високо рангиран град кога станува збор за меѓународниот углед.

Овој институт е основан во 1997 година и претставува водечка истражувачка и советодавна компанија за репутација во светот. Институтот за својата студија испитал околу 22.000 луѓе од индустриски најразвиените и економски најмоќните земји во светот: САД, Велика Британија, Канада, Јапонија, Франција, Германија, Италија и Русија.

Репутацијата на метрополите била оценувана врз основа на различни фактори како што се економијата, администрацијата и градската структура, но и карактеристики како убавината, безбедноста и квалитетот на живот. На првото место се нашол Сиднеј кој поради својата положба, плажите и климата веќе многу пати досега е одбиран за најдобра дестинација за живот и одмор.

На второто место на оваа скала се нашла Виена. Главниот град на Австрија поради умерените цени за домување, уредениот градски превоз и силната културна сцена, според многу студии со години е најдобар град за живот, а сега е потврдено дека е и најугледниот град во Европа. На третото место се нашол Цирих, а потоа следуваат Торонто и Стокхолм.

Во продолжение ви ја пренесуваме листата на 10-те најугледни градови во светот:

1. Сиднеј


2. Виена


3. Цирих


4. Торонто


5. Стокхолм


6. Единбург


7. Монтреал


8. Рим


9. Ванкувер


10. Копенхаген



Спонозорирани линкови

Маркетинг