Ќе гледаме уште две сезони од популарната серија? Сè зависи од овој услов

Точка

02/03/2017

20:15

4926

Големина на фонт

а а а

Преговорите сè уште траат и уште не е познато дали Биалик и Рауч се согласиле на ваквиот договор, но доколку дојде до истиот, обожавателите ќе добијат шанса да уживаат во уште две сезони од популарната хумористична серија.

Популарната серија „The Big Bang Theory” би можела да добие уште две сезони доколку дојде до договор за хонорарите помеѓу актерката постава и Warner Bros. TV.



Имено, додека пет членови од оригиналната екипа добиваат по милион долари за епизода, актерките Маим Биалик и Мелиса Рауч, кои во екипата се придружија во третата сезона, за истата работа добиваат по „само“ 200.000 долари.

Како што пренесуваат странските медиуми, Џим Парсонс, Џони Галецки, Кејли Куоко, Кунал Најар и Сајмон Хелберг наводно предложиле нивните хонорари да се намалат за 100.000 долари по епизода, за платата на нивните колешки да се накачи на 450.000 долари.


Преговорите траат уште од крајот на минатата година, но сè уште не е познато дали Биалик и Рауч се согласиле на ваквиот договор. Сепак, доколку се склучи овој договор, обожавателите ќе добијат шанса да уживаат во уште две сезони од популарната хумористична серија.

За потсетување, ко-авторот на серијата Чак Лори на крајот од 2015 година изјави дека не е сигурен кога ќе биде објавен крајот на серијата и дека му е глупаво да шпекулира. Исто така, додадел дека серијата веќе сега е поуспешна отколку што сонувал.


Спонозорирани линкови

Маркетинг