Опасна навика: Еве зошто не треба да го чувате млекото во вратата од фрижидерот

Точка

02/03/2017

19:32

7.445

Големина на фонт

а а а

Ако и вие го чувате млекото во вратата од вашиот фрижидер, веднаш преместете го од таму.

Не е сеедно на кое место која намирница ја чувате во фрижидерот, тоа веројатно веќе го знаете.

Повеќето луѓе имаат навика да го чуваат млекото во вратата од фрижидерот, бидејќи е спакувано во стаклено или пластично шише, или можеби во картонска кутија, па вратата некако ни се чини најпогодна за таа намена.


Меѓутоа, тоа е голема грешка, велат експертите за храна и објаснуваат дека вратата е најтоплиот дел од фрижидерот и поради тоа не е погодно место за чување намирници кои лесно можат да се расипат.

Значи, каде треба да го чуваме млекото?

На пониските или средните полици во фрижидерот, а ако е можно ставете го млекото во стаклено шише, бидејќи тоа е единствениот начин за млекото да остане свежо и здраво.

Истото правило важи и за суровото месо и риба – не ги ставајте во вратата од фрижидерот, туку на најниските полици кои се најстудени!

Вратата од фрижидерот е добро место само за конзервирана храна и храна која има продолжен рок на траење.


Исто така, суровата и готвената, термички обработена храна, немојте да ги чувате на исти полици, туку што подалеку една од друга, во затворени садови.

И на крајот, најважниот совет – чистете го вашиот фрижидер барем еднаш месечно.


Спонозорирани линкови

Маркетинг