Фенг Шуи: Користете морска сол за да го исчистите вашиот дом од негативна енергија

Точка

02/03/2017

15:48

3.663

Големина на фонт

а а а

Морската сол е толку убава што е дури надреална. Не е чудно што нешто толку убаво и моќно доаѓа од областите кои потсетуваат на рај.

Морската сол го подмладува вашето тело, со самото дишење на морска сол во сауните можете да го прочистите целиот респираторен систем, а капењето во морска сол ќе ја наполни вашата кожа со минерали и ќе ги извлече токсините надвор.


Има повеќе начини на кои можете да ја употребувате морската сол, особено поради нејзината магнетна моќ да ја "исцица" стагнацијата на лоша енергија и вибрации од вашиот дом.

Доколку навистина сакате да го прочистите вашиот дом и живот, овие трикови со морска сол може да ви помогнат да внесете свежина и среќа во вашиот дом.

1. Користете чашки како "магнети" за да ја извлечете лошата, застарена енергија од вашиот дом - Наполнете мали чашки со крупна морска сол и распоредете ги низ домот. Ставете една под вашиот кревет за да ја повлечете стагнацијата од него. Повеќе чашки со крупна морска сол распоредете низ секој агол во вашиот дом за да го исчистите целосно од насобраната стара и лоша енергија. Оставете ги да седат 24 часа, а потоа фрлете ја солта и добро измијте ги чашите - обидете се да не ја допирате солта откако ја акумулирала лошата енергија. Ова е особено важно да го направите ако се вселувате во ново место - не сакате енергијата на претходните луѓе кои живееле тука да ви прави друштво нели?

2. Измијте ги работите со морска сол - Неколку лажици морска сол во кофа со топла вода е уште еден од начините да ја измиете негативната енергија од домот. Употребете крпа и со растворот поминете ги фрижидерот, кујнската работна површина, трпезаријата, кадата и поплочените подови. Еднаш месечно можете да додадете морска сол при миење на кујнскиот прибор.


3. Наполнете ја кадата и истурете морска сол - Две чашки морска сол истурени во кадата пред да влезете ќе ве подмлади и ќе ви помогне во детоксикација на целото тело. Останете внатре најмалку 20 минути, а потоа чувствувајте како негативните вибрации ве напуштаат и вашето тело се регенерира.


Морска сол - лесен и забавен начин да креирате повеќе природна свежина во вашиот живот, ви ветуваме дека ќе се заљубите во нејзината елементарна чистота и чувството по нејзината употреба.


Спонозорирани линкови

Маркетинг