Љубител сте на комбинацијата од домати и краставици? Имаме лоша вест за вас

Точка

01/03/2017

21:30

8535

Големина на фонт

а а а

Постојат намирници кои луѓето ги обожаваат, а постојат и комбинации од намирници за кои многумина сметаат дека се совршен спој, толку многу, што повеќето луѓе мислат дека овие намирници не се јадат една без друга. Такви се, на пример, домат и краставица, банана и млеко, овошје и јогурт. Овој текст малку ќе ве разочара...

Додека чекате да започне пролетната сезона на вашиот омилен зеленчук: домати и краставици, не е лошо да дознаете нешто ново што веројатно ќе ве разочара – мешањето на домати и краставици во салата не е препорачливо!

Доматите и краставиците немаат еднакво време за варење. Имено, кога се конзумираат во исто време, постои голема можност да дојде до ферментација во стомакот, што подоцна може да го отруе нашиот организам и да предизвика болки, грчеви и надуеност, пишува Health Tips Portal.


Освен овој, за многумина совршен спој, постојат уште неколку комбинации на намирници кои би требало да ги избегнувате поради здравствени причини.

Овошје после оброк

На овошјето му е потребно доста време за да се свари, а ако го јадете веднаш после оброкот, ќе се задржи подолго време во желудникот и може да предизвика дигестивни проблеми.

Тестенини и сирење

Тестенините изобилуваат со скроб кој се вари поразлично од протеините, а задржувањето во желудникот предизвикува ферментација.


Месо и сирење

Ова се премногу протеини одеднаш за вашиот желудник.

Леб и сок од портокал

Киселината која е потребна за да се разгради сокот може да ги уништи ензмите кои се задолжени за преработка на скробот.

Зеленчук и сирење

Со оваа комбинација го зголемувате ризикот од надуеност.

Диња и лубеница

Овие две овошја би требало да бидат конзумирани одвоено.


Банани и млеко

Оваа комбинација на намирници го забавува варењето на храната.

Овошје и јогурт

Иако ова е позната комбинација за појадок, го забавува варењето на храната и ја оштетува цревната флора.


Спонозорирани линкови

Маркетинг