Минатата вечер сите гледале во провокативното деколте на атрактивната актерка

Точка

01/03/2017

22:00

5.752

Големина на фонт

а а а

Провокативното облекување е светски тренд и со него се сретнуваме на секое место, на секоја јавна манифестација, без оглед на нејзиниот повод. Со месеци наназад во Велика Британија шетаат разголени ѕвезди, а минатата вечер во Лондон во провокативно издание се појавила и актерката Бри Ларсон.

Поводот за да се прошета во овој провокативен фустан била премиерата на филмот "Kong: Skull Island" во кој Бри ја игра главната улога.


На премиерата, атрактивната актерка се појавила со колегите Том Хидлертон и Семјуел Л. Џексон. Тоалетата која ја носела е еден елегантен модел, поточно елеганција ја краси во долниот дел.


Но, горниот дел од фустанот носи неверојатен пресврт. Деколтето кое минатата вечер го прошетала Бри е едно од најпровокативните кои сме ги виделе во последно време.


Иако делот кај градите е покриен со тул, малиот материјал не ја ублажил провокативноста на облеката.


Познатата русокоса минатата вечер била главна ѕвезда на премиерата, дел поради фактот дека е главна актерка во споменатиот филм, а дел поради својата атрактивност.





Спонозорирани линкови

Маркетинг