Кога семејство ќе ги земе работите во свои раце, се создава најдобриот хотел во светот

Точка

01/03/2017

19:27

4.755

Големина на фонт

а а а

Хотелот добил многу вредни награди, па така и наградата за најдобар бутик хотел во светот во 2012 година.

Повеќето патници ќе одберат сместување во некој од хотелите од познатите светски синџири, секако ако можат да си го дозволат тоа, и така ќе бидат барем малку посигурни дека ќе ја добијат услугата на посакуваното ниво. Но, зошто толку да се „бега“ од помали, семејни хотели? Во повеќето случаи во нив ќе добиете поличен пристап и понуда каква во познатите хотелски синџири скапо би ја платиле. Еден од таквите хотели е „The Toren“ од Амстердам.


Хотелот „The Toren“ е сместен во стара куќа над канал, во една од најпрестижните и најексклузивните улици во Амстердам. Иако куќата од порано била наменета како хотел, дури во 1991 година дошла во сопственост на сопствениците кои го преуредиле во луксузен бутик хотел со 4 ѕвезди. Локацијата е и повеќе од совршена. Се наоѓа во внатрешноста на прстенот на средишниот канал, на само десетина минути пешачење од Кралската палата, на самиот раб на соседството Јордан, кое е познато по добрите ресторани, бутици и кафулиња.


Внатрешноста на хотелот е се`, само не е вообичаена. Луксузни ткаенини, богатство на бои, меки столчиња, темно изрезбано дрво, пригушени светла и многу стаклени лустери се само дел од богатото уредување ко ќе ве одведе во некое друго време, во некоја друга реалност.


Иако целиот хотел е реновиран, тука и таму ќе најдете по некое парче мебел кој сведочи за богатата историја на зградата.

Со своите 38 соби, овој хотел спаѓа меѓу помалите во градот. Но, тоа е затоа што повеќе внимание му се придавало на просторот и декорацијата, отколку да се натрупаат повеќе помали соби без душа. Секоја соба е уникатна и е уредена на себе својствен начин. Интимната атмосфера, за која придонесуваат интензивните и луксузни декорации, му дава сосема ново чувство на престојот во хотел.


Уникатноста и убавината на хотелот ја препознале и гостите. Така, овој хотел има собрано многу вредни награди како што е наградата за најдобар хотел во Холандија по оцена на Tripadvisor (2012 – 2017), најдобар бутик хотел во светот (2012), најдобар бутик хотел во Европа (2014), најлуксузен и најромантичен хотел во Холандија (2013), најдобар луксузен дизајнерски хотел во Холандија (2015).


Поради тоа, ако го посетувате Амстердам, а сакате да престојувате во шармантен и шик хотел во центарот на градот, секако размислете за овој хотел.





Спонозорирани линкови

Маркетинг