Лејди Гага ќе ја замени Бијонсе на Коачела

Точка

01/03/2017

13:51

1.617

Големина на фонт

а а а

Бремената поп-дива го одложи својот настап на Коачела до 2018-та.

Лејди Гага ќе ја отвори Коачела наместо Бијонсе. Таа го потврди своето присуство со Инстаграм пост на кој е фотографиран плакатот на фестивалот, а таа напишала "Ќе се забавуваме во пустината!"

Бијонсе, која е бремена со близнаци, одлучи да се повлече од фестивалот "следејќи го советот од нејзините доктори кои и порачале да нема ригорозни распореди во следните месеци.."

Како и да е, таа планира да ја отвори Коачела во 2018-та.


Гага ќе ја замени Бијонсе на 15-ти и 22-ри април во Калифорнија. Според Billboard, организаторите на Коачела биле категорични дека женски изведувач треба да ја замени Бијонсе. Гага сега ќе биде првата жена која ќе го отвори фестивалот по Бјорк во 2007-мата.

Гага го издаде својот најнов албум Joanne, а неодамна настапи на шоуто на Супер Боул. Таа ќе започне турнеја промовирајќи го новиот албум.

Додека Бијонсе објави дека таа и нејзиниот сопруг Џеј Зи очекуваат близначиња. По соопштувањето на радосната вест таа се појави на Греми наградите кадешто отпеа две песни од нејзиниот албум Lemonade и однесе дома две награди - за најдобро музичко видео "Formation" и најдобар урбан современ албум.


Спонозорирани линкови

Маркетинг