Хамилтон жали за денешната Ф1

КРУГ.МК

28/02/2017

19:00

944

Големина на фонт

а а а

Луис Хамилтон изрази жалење за денешната Формула 1 со болиди кои звучат очајно и со спорт кој повеќе не победува.

Во своето интервју за BBC Radio 5, трикратниот првак истакна дека факторот на неизвесност и возбуда кој го привлекол во спортот повеќе го нема.

„Многу пати сум кажал и повторил дека спортот е ужасен, но многу луѓе сметаат дека не е толку лошо, а јас не мислам така. Кога прв пат посетив трка беше 1996 година на Спа во Белгија, влегов во падокот, а до мене мина Михаел Шумахер со В10 Ферари кое ме “извади од кожа“. Се возбудив дополниелно, беше како борбен авион гледав и си реков “што по ѓаволите е ова?“. Тоа не е единствено што сакаат фановите, но е голем дел од сржта на Формула 1, одземете го тоа и земате многу, добивате беззвучни болиди“, објасни Хам.

Возачот на Мерцедес сепак е оптимист и будно ги следи чекорите кои ги превзема американски Либерти Медиа по превземањето.

„Чувствувам дека Формула 1 се губи. Тоа нема врска со правилата, туку има врска со дистанцирањето и невклучувањето на фановите во доволна мера. Сеуште има огромна база на фанови на овој спорт, а јас сум оптимист и за новите сопственици кои мислам дека ќе направат многу.

Нова крв, нови идеи, нов начин на вклучување на фановите. Формула 1 е по малку старомодна ако ги погледнете и споредите другите тркачки серии и забавата која ја нудат. Формула 1 ги стигнува останатите, но мора многу да работи“.


Спонозорирани линкови

Маркетинг