Мироска и Голубиќ ќе настапат на ЕП во атлетика

Макфакс

28/02/2017

14:56

580

Големина на фонт

а а а

Нашите двајца најдобри натпреварувачи во атлетика ќе земат учество на престојниот Европски шампионат во сала, кој од 3. до 5. март ќе се одржи во Белград, Србија, а на кој ќе учествуваат 600 натпреварувачи од 51 држава-членка на Европската атлетска асоцијација (ЕАА).

Атлетската федерација на Македонија ќе земе учество со двацата најдобри атлетичари по постигнати резултати за оваа година и тоа 21- годишниот Сашо Голубиќ, кој треба да настапи на 60 метри и 19-годишната Мартина Мироска со скок во далечина.

Македонските репрезентативци пред заминувањето за Белград имаа средба со директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Марјан Спасески, кој рече дека АМС со Федерација имаа одлична соработка, ги подржува нејзините активности, а во првата распределба на сретствата активностите се оддржани со 1.660.000 денари.

Овие сретства се издвоени за подготвки и настап на атлетичарите на Светското првенство за сениори во Лондон, Европско за сениори во сала, Белград, Светско маладинско првенство во Најроби, Кенија, Евроспко првенство во планинско трчање во Камник, Словенија и Светско првенство во планинско трчање во Прамена, Италија.


Спонозорирани линкови

Маркетинг