Нема да ви се верува кои сè актери никогаш не освоиле Оскар

Точка

27/02/2017

20:33

6142

Големина на фонт

а а а

Долга е листата на актерите кои и покрај многуте номинации никогаш не освоиле Оскар и за кои многумина сметаат дека биле неправедно лишени од златната статуетка.

Глен Клоус


Таа беше номинирана шест пати од 1983 до 2012 година, а последната номинација ја доби за филмот „Albert Nobbs“.

Сигурни Вивер


Таа беше номинирана за филмовите „Alien“, „Gorillas in the Mist“ и „Working Girl“.

Анет Бенинг


Оваа актерка имаше три номинации, од кои последната беше во 2011 година за филмот „The Kids Are Alright“ кога Оскарот го доби Натали Портман.

Том Круз


Без разлика на тоа дали го сакате или не, Круз дефинитивно имаше неколку улоги вредни за Оскар, а беше номиниран само за една, и тоа за споредна машка улога во филмот „Magnolia“.

Вил Смит


Актерот имаше две номинации – за филмовите „Ali“ и „The Pursuit of Happyness“.

Ејми Адамс


За неа велат дека е новиот Леонардо Дикаприо кога станува збор за актери кои заслужуваат Оскар, но никако да го добијат. Досега беше номинирана дури шест пати.

Ралф Фајнс


Ралф беше номиниран два пати, а многумина сметаат дека беше „украден“ во 1994 година за наградата за најдобра машка споредна улога во филмот „Шиндлеровата листа“, кога Оскарот го доби Томи Ли Џонс за „Бегалец“.

Бред Пит


Холивудскиот шармер доби Оскар како продуцент за филмот „12 години ропство“, но никогаш нема добиено Оскар за глума иако беше номиниран три пати.

Едвард Нортон


Големо изненадување е што овој фантастичен актер се` уште нема добиено Оскар, иако три пати беше номиниран за златната статуетка.

Лијам Нисон


Нисон можеше да добие Оскар за „Шиндлеровата листа“, но таа година ѕвездите му беа наклонети на Том Хенкс кој ја доби златната статуетка за „Форест Гамп“.


Спонозорирани линкови

Маркетинг