Ја напуштила адвокатската професија за да стане проститутка

Точка

27/02/2017

19:32

7350

Големина на фонт

а а а

Една бразилска феминистка ја завршила успешната адвокатска кариера за да стане проститутка.

Клаудија де Марчи (34) вели дека сега заработува неспоредливо повеќе и дека многу повеќе ужива во работата. Таа минатата година ја напуштила работата на експерт за уставен закон и се преселила во Бразил каде што наплаќа нешто помалку од 200 долари за еден час од своите услуги. Таа вели дека една од најважните причини за оваа животна промена е „машката себичност“ во нејзината претходна професија.


Таа објаснува дека заработувањето од сопственото тело е некој облик на ослободување и почнала да пишува на блог за да им помогне на другите жени „да го бараат најдоброто за себе во и надвор од креветот“, пишува британски „Metro”.


„Верувам дека феминизмот ослободува, а не создава обврски. Од екстремно рационален агол, нема никаква спротивност помеѓу тола да сте феминистка и да им давате сексуално уживање на мажите“, вели таа.


Иако е проститутка, таа вели дека „не прави се` за пари“. Има секс само со образовани мажи и одбива клиенти кои покажуваат дека не ја познаваат добро граматиката или кои не се согласуваат со нејзините политички уверувања. Клаудија договара втора средба со клиентот само ако и таа доживее возбуда.


„Го обожувам сексот. Не би се занимавала со ова ако не го сакав. Затоа, најдов начин да заработувам од нешто што го сакам, промовирајќи ги моите сексуални таленти и либидото. И во бракот и во врските кои ги имав, сексот беше нешто посебно, па одлучив да ја изоставам тортата, а го оставам само шлагот на врвот“, вели таа.



Спонозорирани линкови

Маркетинг