Кеј: Најголеми промени на шасијата во последните 20 години

КРУГ.МК

27/02/2017

19:00

905

Големина на фонт

а а а

Техничкиот директор на Скудерија Торо Росо, Џејмс Кеј, изјави дека воведените промени во спортот, со новите пневматици и новата аеродинамика, се најголемите кои тој ги видел во последните 20 години во Формула 1.

„Во моите 20 години во спортот, ова се најдолеми промени на шасијата. Во 1998 година почнавме со тесна основа и помали подесувања до 2009, кога се случи поголема промена, но освен предното крило, повеќето принципи останаа непроменети.

Но новите правила, со новите пневматици и новата аеродинамика, донесоа нова промена на основата. Има толку нови работи кои мора да се научат.

Со познатите возачи и агрегат кој се разви многу минатата сезона, а кој сигурно ќе се развива и оваа, шасијата останува како главна променлива.

Секогаш сме поставувале амбициозни цели, а оваа година ќе гледаме севкупно на сите 20 трки, со долга листа на планирани развивања во текот на сезоната.

Очекувам дека ќе бидеме многу зафатени со повеќе перформанси кои сеуште не сме ги откриле“, додаде Кеј.


Спонозорирани линкови

Маркетинг