Магнусен го објаснува излетувањето

КРУГ.МК

27/02/2017

16:43

767

Големина на фонт

а а а

Новиот пилот на Хаас, Кевин Магнусен, го оштети предното крило на својот ВФ-17 болид кога утрово имаше блокада на тркалата при едно нагло сопирање и удри во бариерата на свиокот број 10.

Крилото беше брзо променето и екипата продолжи со тест програмата.

„Целосно ми се закочија задните тркала и изгледаше како да сум дигнал рачна сопирачка на патнички автомобил. Целосно го загубив задниот дел, се извртев и го допрев ѕидот првејќи дефект на предното крило. Нема никаков проблем, нема драма, само работи како баланс на сопирачките, мапирање на кочниците и слично така што многу брзо се е решено. Научивме многу утрово“, објасни Магнусен.

Страдаше единствено предното крило така што Кевин се очекува под полна пареа во вторите 4 часа.

„Имавме доста кругови, иако не толку колку што се надевавме. Имаме план ако се се одвива како што посакувавме, но имавме и некои помали проблеми со некои сензори и слично кои ќе ги поправиме веднап. Се надеваме дека попладне се ќе биде совршено и ќе продолжиме нормално“.

Првиот впечаток за новиот болид за него е позитивен, особено од грипот и држењето на болидот на патеката.

„Најголема разлика почувствував во летечките кривини, но треба уште да притискам до лимитот за да видам што може болидот. Ќе биде интересно штом ќе продолжиме со софт компонентата за да се обидеме да го извадиме максимумот од болидот. Работиме само на вадење што е можно повеќе километри од болидот, проверка дали се работи како што треба, проверуваме се. Денеска е едноставно проверка на проблеми“, заврши Кевин.


Спонозорирани линкови

Маркетинг