Светото место на династијата Ким: Дали митот за една планина бил инспирација за убиството на Нам?

Точка

27/02/2017

19:28

4.179

Големина на фонт

а а а

Изгаснатиот вулкан би можел да биде клучот за решавањето на ладнокрвното убиство на полубратот на севернокорејскиот лидер на аеродромот во Куала Лумпур.

Клучот во решавањето на мистериозната смрт на прогонетиот потомок на династијата на Ким, верувале или не, би можел да се крие во изгаснатиот вулкан кој што се наоѓа на границата помеѓу Северна Кореја и Кина.

Тајните служби на Јужна Кореја сметаат дека неодамнешното убиство на Ким Јонг Нам на малезискиот аеродром, е дел од петгодишниот заговор на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун да го убие својот полубрат кој што никогаш не го сретнал. Ако е ова вистина, мотивот би можел да има врска со нивното потекло и со тој вулкан. Се прашувате зошто?

Вулканот на планината Баекду на чиј што врв се наоѓа длабоко кратерско езеро е тесно поврзан со митот за основањето на Северна Кореја и со децении ѝ дава легитимитет на владеењето на трите генерации од семејството Ким. Бакду го краси државниот грб и името на вулканот/планината го носат разни објекти, од ракети до хидроцентрали, а понекогаш и самата држава се нарекува Баекду.


Најважно од се е тоа што Баекду (или Паекту) е некој вид на „географска инкарнација“ на починатиот дедо на браќата Ким, Ким Ил Сунг, најзначајниот човек во историјата на Северна Кореја. Во Пјонгјанг децата ги учат дека тој го спасил Корејскиот полуостров така што храбро ги предводел герилските напади против јапонските освојувачи од базите на падините на оваа планина.

Со оглед на тоа што потекнуваат од иста племенска и херојска лоза, „крвта на планината Бакеду“, Ким Јонг Нам секогаш претставувал опасност по својот брат, без оглед на тоа што секогаш се обидувал да не привлекува огромно внимание. Се додека бил жив можел индиректно и веројатно неволно, да стане дел од пропаганднат лавина поврзана со светиот вулкан, чија што намена е да се докаже дека Ким се единствената лоза која што може да владее со Северна Кореја.

Долг е патот да се објасни јазот помеѓу ладнокрвната природа на убиството и наизглед безопасниот Ким Јонг Нам, коцкар и „плејбој“ кој што во последните години живеел „повлечен живот“ на југоистокот на Азија и кој во една прилика, според сознанијата на јужнокорејските тајни служби, му напишал писмо на неговиот брат во кое што го молел за неговиот живот.


Дали припадноста на истата лоза би можела да биде причина за ликвидацијата?

„Ким Јонг Ун можеби помислил дека речиси ја завршил консолидацијата на власта и отстранувањето а Ким Јонг Нам би било последниот чекор да се отстрани потенцијалниот проблем“, изјави Кох Ју-Хван, експерт за Северна Кореја на сеулскиот Универзитет Донгук.

Корејската историја е полна со крвави борби за престолот, а кога незадоволната елита се обидувала да го симне од власт кралот, обично користела отуѓен принц или други личности со кралска крв како номинални лидери на својот бунт. Поранешните владетели на полуостровот си давале легитимитет на себеси и на своите потомци врз основа на „чистата лоза“, смета Брус Камингс, историчар и експерт за Кореја.

Ким династијата од северот го продолжила ова воздигнување на кралската крв и го пренеле на вулканот кој што е поврзан со основањето на државата. Камингс потсетува дека Ким Јонг Ил, татко на Ким Јонг Ун и убиениот Ким Јонг Нам, севернокорејската пропаганда го нарекувала „драгоценото бебе од планината Баекду“, затоа што се тврдело дека е роден таму.

Пред осум години Ким Јонг Ун бил прогласен за „генерал на Баекду“, во Пјонгјанг се говори дека тој е наследник на „лозата Бакеду“ која се смета за гласник на државното постоење и линија на живот на генерациите кои што доаѓаат. Според Камингс, треба да се земе во предвид дека обожавањето на Ким е „нео-кофучијанизам во комунистичко пакување“.

Ким Јонг Ун, најмладиот син на Ким Јонг Ил, можеби се плашел од својот брат, затоа што според традиционалниот конфучијански систем на вредности, најстариот син, во овој случај Ким Јонг Нам, можел да се смета за директен наследник на тронот.


„Ким Јонг Нам бил потенцијална закана“, смета аналитичарот Чанг Јинг од Националниот универзитет во Сеул и додава: „Ким Јонг Ун можеби верувал дека неговите противници можат да извршат државен удар и на неговото место да го псотават Ким Јонг Нам за лидер на Северна Кореја“.

Сега може само да се претпостави што може да значи тоа за останатите членови на семејството.

Ким Јонг Ун има уште еден постар брат - Ким Јонг Чул кој е најпонат по тоа што е голем фан на Ерик Клептон. Како среден од тројцата синови, во еден момент бил сметан за потенцијален кандидат за престолот, но готвачот на Ким Јонг Ил открил дека починатиот лидер го оценил како „женствен“. Јужнокорејските медиуми пренесуваат дека „средниот Ким“ живее во Пјонгјанг, но се крие од јавноста.

Ким Јонг Нам зад себе остави два сина и една ќерка од двете сопруги кои што живеат во Пекинг и Макао. Во Сеул се зборува дека еден од неговите синови, Ким Хан Сол би можел да биде во опасност, затоа што неговиот татко му раскажал некои тајни од личниот живот на Ким Јонг Ун.

Ким Хан Сол во едно интервју својот чичко кој што владее со Северна Кореја го нарече диктатор.


Спонозорирани линкови

Маркетинг