“Радиумската вода му делувала одлично, сè додека не му отпаднала вилицата”

Точка

27/02/2017

15:19

5.278

Големина на фонт

а а а

RadiThor, десет години се продавал како енергетски суплемент, средство против болки, импотенција итн. Од овој пијалок починале илјадници луѓе.

Љубителите на постапокалиптичната видео-игра Fallout сигурно ќе се сетат на фиктивниот безалкохолен пијалок Nuka Cola – радиоактивно освежување кое свети во темнината. Но, малкумина се свесни за фактот дека се работи за сатира на сметка на американската фасцинација по радиумот на почетокот на 20. век.

Овој елемент е откриен од страна на Marie Curie и нејзиниот сопруг Pierre, во 1898. година. Елементот пленел со својот флуоресцентен карактер, а на него му се препишувале и мноштво други чудесни квалитети.

На почетокот од 20. век, во САД се појавила “радиумска грозница”, а еден од најбизарните производи од тоа време бил енергетскиот пијалок – RadiThor.
Овој енергетски пијалок е производ на компанијата Bailey Radium Laboratories од Њу Џерси. Неславниот, а денес и најозогласениот креатор на RadiThor бил William Baley, кој се претставувал како доктор по медицина, што воопшто и не било точно.


RadiThor се произведувал така што во обична вода едноставно ставале енормни количини на радиум. И сè така од 1918. до 1928. година, кога научниците веќе почнувале да забележуваат дека нешто не е во ред со овој елемент.

RadiThor се рекламирал како совршено безопасен пијалок, кој е моќно средство против болки, енергетски пијалок, поттикнувач на работата на ендокриниот систем, лек против импотенција итн. “Лек за живи мртовци” и “Трајно сонце” се само дел од слоганите кои можеле да се прочитаат на рекламите за RadiThor.

За среќа, овој напиток бил многу скап, па малкумина можеле да си го приуштат, а со самото тоа и бројот на жртвите бил релативно низок.

Најпознатата жртва бил Eben Byers, син на богат индустриски магнат и прочуен спортист, кој за кратко време испил 1.400 лименки од пијалокот. Пред да почине во март 1932. година, во неговиот организам, поточно коските имало толку многу радиоактивен материјал што почнала да му пропаѓа вилицата, почнале да му се создаваат дупки во черепот и да му се појавува рак на повеќе места во телото. Кога го погребале, телото го затвориле во ковчег од олово поради опасност од рацијација по околното тло.


Властите, тогаш ги забраниле сите радиоактивни производи за широка потрошувачка, но штетата веќе била направена. Поради “радиумската треска”, животот го загубиле неколку десетици илјади луѓе.

По повод смртта на Eben Byers, списанието Тhe Wall Street Journal објавилo статија со “отровен” наслов – “Радиумската вода му делувала одлично, сè додека не му отпаднала вилицата”.


Спонзорирани линкови

Маркетинг