EXIT подготвува гитарска лудница на Тврдината!

Точка

27/02/2017

14:52

1.504

Големина на фонт

а а а

EXIT фестивал доби нови, жестоки засилувања за овогодишниот фестивал кој ќе се одржи од 6-ти до 9-ти јули на Петроварадинска тврдина.

Спојот на мелодичен и тврд звук ќе се чуе од третата најголема бина на фестивалот, Fusion, каде што доаѓа легендарниот состав The Damned кој ќе ја донесе својата препознатлива панк атмсофера, а славната бина на EXIT фестивал посветена на екстремниот звук, Explosive, и оваа година ќе биде епицентар на земјотресот кој ќе го предизвикаат најновите објавени имиња на метал, панк и хардкор сцената! Фуриозниот лајн-ап го предводат легендарните панкери Angelic Upstarts кои доаѓаат во Србија по 32 години! Ним им се придружува и култното име на екстремната индустриал дарк метал сцена, швајцарскиот бенд Samael. Тие ќе ја предводат експлозивната програма на оваа бина покрај веќе најавените бендови The Black Dahlia Murder, Discharge и Destruction.

Едни од зачетниците на панк сцената, британските ветерани The Damned годинава на Exit ќе прослават 40 години од својот прв албум „Damned Damned Damned“ кој е воедно и првиот објавен британски панк албум! Со впечатливиот вампирски изглед на фронтменот Дејв Ваниан, кој го инспирираше раѓањето на готик модата, како и со нивниот иновативен пристап, го осигураа своето место во историјата на музиката, а оваа година ќе објават и нов албум на кој фановите ги очекува нивниот познат звук, но и новини, со кои ја зацврстуваат својата репутација на неуморни иноватори!


Во четврток на Explosive бината, покрај единствениот романски состав Dordeduh кој ќе го донесе својот уникатен спој на звуците од Трансилванија и блек метал, ќе настапи и бендот кој од корен го измени метал звукот и го одведе до неистражените димензии на експерименталната слобода. Samael од самиот старт храбро чекореше на модерните творечки стази и ги постави цврстите темели на кои подоцна се изградија многу нови правци и стилови, а ним ќе им се придружи и домашниот тандем Superhammer.

Француските хардкор металци In Other Climes ќе се претстават пред публиката на Exit втората вечер на фестивалот и ќе покажат зошто нивните настапи во живо, проникнати со фуриозна енергија, уште долго време се прераскажуваат! Вечерта ќе биде зачинета и со панк, бидејќи доаѓа и хардкор панк бендот Debeli precjednik кој веќе 22 години го разгорува регионот, како и белградските панк рокери Doghouse кои се враќаат на EXIT по неколку години, спремни за уште една експлозивна свирка! Новосадскиот панк треш бенд Lazarath и загребскиот хардкор состав Sentence кон крајот на минатата година го издадоа заедничкиот албум, а и едните и другите со своите настапи ќе ги затресат зидовите околу Explosive бината со својот жесток звук! Вечерта ќе ја заокружи Darko кој за прв пат во овие краишта ќе го донесе својот скејт панк звук!

Саботата на Тврдината ќе го претстави ултимативното панк доживување со иконите на овој правец Angelic Upstarts кои од самиот старт на својата кариера се истакнуваат со своите анти-фашистички ставови, а кои и понатаму доминираат на сцената благодарение на својот силен гитарски звук. Истиот ден на Explosive бината, култните југословенски панкери KBO! ќе ја распаметат публиката со својот единствен звук кој го карактеризира отсуството на бас гитара во составот, а британските магови на хардкор панкот Discharge ќе го претстават својот нов албум и старите песни кои ги обработија и бендови како Metallica и Anthrax! Меѓу имињата кои ќе ја надополнат енергичната атмосфера на третата вечер на фестивалот ќе бидат и мексиканскиот панк бенд Acidez, составот White Christ кој ќе ја донесе својата дива и незадржливо енергична верзија на хардкор панкот, сѐ повеќе популарните британски поетични панкери Wonk Unit и домашниот ои! панк бенд Fiskalni račun!

Најжестокиот провод на последната вечер на фестивалот ќе го обезбеди еден од најјаките дет метал состави во последните неколку години The Black Dahlia Murder, како и новите најавени имиња кои ќе протатнат низ Тврдината, меѓу кои се њу-вејв треш металците Chronosphere, домашниот млад бенд Quasarborn кој за кратко време со својот метал звук привлече големо влијание и бендот од Јагодина Decrepancy кој ќе го донесе олдскул дет метал звукот! Втемелувачите на европскиот треш метал звук Destruction и младиот состав Full Of Hell, кој го враќа грајндкорот на сцената, ќе ја надополни жестоката програма на последната вечер на EXIT фестивал!


Во продажба се влезниците за големото EXIT Лето на љубовта 2017!

EXIT тимот годинава поврзува дури четири фестивали во регионот во единственото EXIT Лето на љубовта 2017. Прв во низата е Sea Star, кој на 26-ти и 27-ми мај ќе се одржи во градот Умаг, следен е Revolution фестивалот во Темишвар на 2-ри и 3-ти јуни, а веднаш по EXIT фестивал, од 6-ти до 9-ти јули, следува четвртото издание на Sea Dance фестивал од 13-ти до 15-ти јули! Влезниците за Exit се достапни по цена од 3.580 денари, додека промотивната цена од 1.990 денари за Sea Star и Sea Dance е актуелна само уште неколку дена, до 28-ми февруари за Sea Star, односно до 1-ви март за Sea Dance фестивал, по што цената ќе се зголеми. Најголемата заштеда е секако пакетот EXIT Summer of Love 2017, каде што една влезница за сите три фестивали може да се набави за само 4.530 денари! Повеќе информации за цените на влезниците се достапни на сајтот exitfest.org.


Спонозорирани линкови

Маркетинг