Оскари 2017: Модата на црвениот тепих - Никол Кидман, Ема Стоун и Џесика Бил блескаат меѓу овогодинешните најдобро облечени ѕвезди

Точка

27/02/2017

11:45

4.019

Големина на фонт

а а а

Како што сезоната на награди поблека се приближува до крајот, Холивуд повторно беше домаќин на со нетрпение очекуваната и начичкана-со-ѕвезди филмска церемонија на годината - Доделувањето на Оскари. Црвениот тепих беше најинтензивно разгледан и осудуван оваа година, па еве кои се разултатите за најдобро облечени.

Слободно може да се каже и дека овогодинешната церемонија на Оскари беше една од најстилските до сега.


Една од првите ѕвезди кои се појавија на црвениот тепих беше Рут Нега (номинирана за најдобра актерка) која изгледаше достоинствено и елегантно во корално црвениот фустан на Валентино.


И колешката Ема Стоун (која всушност го освои Оскарот за најдобра актерка) не дозволи да помине незабележително иако подеднакво елегантно. Можеби малце потсетуваше на девојките од џез ерата и 1920-тите, како опишана од Френсис Фицџералд.. носејќи златен фустан од Живанши.


Кога се појави Никол Кидман во Армани Приве сите присутни подзинаа - неверојатно е како успева да изгледа толку добро и како се носи за годините. Едноставно зрачи од сексипил иако на ниту еден начин не го истакнала тоа.





Џастин Тимберлејк и Џесика Бил

Naomie Harris во Calvin Klein By Appointment

Alicia Vikander во Louis Vuitton

Sofia Boutella во Chanel couture

Taraji P. Henson во Alberta Ferretti

Dakota Johnson во Gucci

Emma Roberts во vintage Armani Privé


Спонозорирани линкови

Маркетинг