Бела Хадид воодушевила со својот изглед: На себе ставила само дијаманти и го украла шоуто!

Точка

25/02/2017

18:42

9.076

Големина на фонт

а а а

Познатата манекенка Бела Хадид (20) се појавила на еден настан во Милано и ги маѓепсала сите со својот стајлинг.

Забавата била одржана по повод ревиите на модните брендови „Фенди“ и „Москино“.


Една од сестрите Хадид блескала во светкав мини фустан со гол грб кој бил целиот направен од светкави камчиња. Долгите нозе на Бела се нашле во прв план, а и едното рамо ѝ било отсокриено, па изгледала прилично заводливо.


Бела имала облечено и сандали во иста нијанса и соодветна чанта, а косата ја подигнала во висока пунџа.


Со ваквиот беспрекорен стајлинг убавата манекенка успеала да ги засени сите други дами, бидејќи никој од присутните не можел да го тргне погледот од неа. Бела веројатно се водела од мислата дека не ѝ е потребна долна облека кога веќе целата е прекриена со дијаманти.





Спонозорирани линкови

Маркетинг