Немаат акни, дијабетес, ниту проблеми со срцето: На овој остров важи едно драгоцено правило!

Точка

24/02/2017

19:27

11.651

Големина на фонт

а а а

Генетиката и физичката активност немаат врска со тоа, клучно е нешто сосема друго.

Малиот тропски остров, кристално чистата вода, рибата, свежото овошје и зеленчук – така изгледа Китава, рајско место во областа Папуа Нова Гвинеја. Тој е познат по здравата исхрана на неговите жители кои од тоа имаат голема корист – кардиоваскуларните проблеми се сведени на минимум, деменцијата исто така, а ретко патат и од дијабетес и немаат акни.

Доктор Стафан Линдеберг е еден од првите кои ја забележал медициската предност од ваквата исхрана. Таа, пред сè,е едноставна и полна со намирници кои воопшто не се преработени.

„Забележавме дека генетиката кај овие луѓе не е пресудна за ваквите ефекти врз здравјето. Истражувавме и забележавме дека, сепак, клучна е исхраната“, рекол доктор Линдеберг.

Она што е интересно е дека жителите на Китава не се премногу физички активни, па така не може да се каже ни дека активниот начин на живот може да влијае врз овие бенефиции.


Сладок компир

Китава е остров на кој многу се јаде сладок компир. Тој е богат извор на витамин Ц, влакна и влијае врз регулирањето на инсулинот во крвта. Сето тоа доведува да имате блескав тен и добро здравје. А, која е најчестата намирница на нивното мени? Тоа се кокосот и рибата.

Кокос

Кокосот има многу голема улога во исхраната на жителите на Китава. Тие го користат во секоја форма: свеж, ја пијат кокосовата вода, а маслото го користат за готвење.

Кокосот често го користат спортистите како силен извор на енергија. Тој ја подобрува издржливоста. Исклучително е здрав за срцето и корисен за нормална работа на тироидната жлезда. Помага и во излачувањето на инсулин и во подобро искористување на гликозата во крвта. На тој начин го намалува ризикот за појава на дијабетес. Поради големата количина на калциум и магнезиум помага во развојот на здрави заби и силни коски и ја забавува појавата на остеопороза.


Риба

Рибата има многу користи за здравјето. Не само што содржи повеќекратно заситени масти, кои се вредни сојузници за превенција на кардиоваскуларни болести, борба против стресот и подобрување на концентрацијата, туку претставува и богат извор на минерални соли.

Морската риба е богата со јод, калиум, натриум и бакар, додека слатководната содржи нешто помалку натриум и јод. Сите видови на риба ги содржат витамините B1, B2, B6 и B12, кои се драгоцени за правилна работа на нервниот систем. Рибата е богата и со калциум, но тој претежно е концентриран во кожинката. Идеален избор се скуша, лосос и харинга.


Спонозорирани линкови

Маркетинг