НБА: ГС постигна 50 поени за четвртина, трипл-дабл на Леброн

Макфакс

24/02/2017

09:49

636

Големина на фонт

а а а

По паузата за Ол-стар викендот, во ноќта помеѓу четвртокот и петокот, продолжија возбудувањата во НБА лигата. Победи забележаа водечките екипи Голден Стејт, Кливлен, Хјустон, а одлично деби за новите тимови имаа Лу Вилијамс (Хјустон) и Демаркус Казинс (Њо Орлеанс). Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс против ЛА Клиперс одиграа една од најдобрите четвртини во историјата на НБА лигата во која постигнаа 50 поени.

Голден Стејт славеше над Клиперси 123:113, го запишаа 48-от триумф во 57-от натпревар сезонава и влегоа во историските книги на НБА лигата бидејќи во третиот период постигнаа 50 поени.

Последне тим кој успеа да дојде до вакво оставрување беа ЛА Лејкерс во 2014 година, кога на натпреварот со Њујорк во една четвртина постигнаа 51 поен.

Најдобриот тим во лигата го предводеше Кевин Дурент со 25 поени, 15 скокови и 7 асистенции, додека најефикасен во тимот беше Стеф Кари со 35 поени (6/10 за три).



Хјустон убедливо славеше против Њу Орлеанс 129:99, а белскаше на теренот играчот кој пред неколку дена во Хјустон пристигна од ЛА Лејкерс, Лу Вилијамс со 27 поени, погодувајќи седум тројки од 11 обиди. Вилијамс беше еден од шестмината играчи на Хјустон кои постигнаа двоцифрен број на поени.

Во редовите на Њу Орлеанс со двоен ефект дебитираше Демаркус Казинс. Центарот кој дојде од Сакраменто мечот го заврши со 27 поени и 14 скокови, додека неговиот партнер во рекетот Ентони Дејвис со 29 поени беше најефикасен на натпребарот.

Леброн Џејмс со трипл дабл го предводеше Кливленд до победата над Њујорк 119:104. Седуммина играчи на Кливленд постигнаа двоцифрен број на поени, а предводник беше Џејсм со 18 поени, 13 скокови и 15 асистенции, Кајри Ирвинг постигна 23 поени, а Кајл Корвер три поени помалку.



На другите натпревари Детроит со пресврт успеа да го совлада Шарлот 114.108, Портланд победи во Орландо 112:103, а Сакраменто го совлада Денвер со 116:100.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

Whoops, looks like something went wrong.