Дами, внимавајте! Овие работи ги прават сите мажи кои изневеруваат

Точка

23/02/2017

21:30

7904

Големина на фонт

а а а

Иако постојат многу различни причини поради кои мажите изневеруваат, вклучувајќи недостаток на самодоверба, чиста желба, емоционално и/или физичко незадоволство, постојат речиси исти обрасци на однесување на таквите луѓе, со кои најчесто несвесно откриваат што прават...

1. Промена на однесувањето

Ако веќе подолго време сте во врска, доволно добро го познавате вашиот партнер. Знаете како се однесува кога е среќен, возбуден, под стрес, лут или слично. Еден од најдобрите начини на кој ќе видите дали нешто чудно се случува е ако забележите дека тој се однесува различно од своите типични и вообичаени начини на однесување во одредена ситуација. Ако почнете да чувствувате дека повеќе немате јасен увид во неговата личност, тоа би можело да биде повик за будење.

2. Почнал повеќе да внимава на својот изглед

Дали вашиот партнер одеднаш е загрижен околу тоа како изгледа, додека до неодамна воопшто не се грижел каков ќе излезе од дома? Ако одеднаш станал опседнат со својот изглед и вовел големи промени во истиот, не мора задолжително да значи дека има друга, но и тоа би можело да биде причината. Вашите сомнежи би требало да бидат зголемени ако не може да ви ги објасни причините за таквата нагла промена.


3. Се оддалечува од вас

Дали сте забележале дека ве игнорира и покажува се` помал интерес за вас и животот кој го имате заедно? Тоа не е изненадувачки за мажите кои изневеруваат, бидејќи тие имаат навика целата своја енергија и внимание да ги насочат на некое друго место, односно на друга жена. Ако тоа почнало да се случува, земете го во предвид фактот дека можеби не ви е верен.

4. Предизвикува кавги

Се прашувате зошто го прави тоа? Многу мажи кои изневеруваат бараат начин како да ја спречат партнерката да открие што навистина се случува и да го пренасочат нејзиното внимание на други работи. Исто така, тоа може да значи и дека тој само наоѓа изговор за да ја прекине вашата врска. Со други зборови, кавгите стануваат изговор за раскинување, а не е тешко да се започнат, со оглед на тоа што изневерувањето често предизвикува емоции како раздразливост и стрес.


5. Не сака да имате секс

Секако дека има денови кога мажот ќе одбие секс, поради стрес на работа, болест, замор и слично. Но, ако не можете да се сетите кога последен пат сте имале секс, тоа е проблем кој никако не смеете да го игнорирате.

6. Сака поголема приватност

Мобилниот телефон постојано му е во рацете или на вибрации, повеќе не води телефонски раговори пред вас, туку во друга соба, често излегува сам или со пријателите, почнал да ги брише пораките и разговорите на социјалните мрежи итн. Сето тоа е поради фактот што кога мажите изневеруваат, нивната способност да ја задржат својата приватност е важен дел од илузијата за нивната невиност.


Спонозорирани линкови

Маркетинг